Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино. Нивниот углед се гради со семејно искуство, знаење и многу љубов кон лозовите насади, информира министерот за земјоделство, Борче Серафимовски.

Со претседателот на здружението „Македонски семејни винарии“, Горан Јаковлевски, како и со членовите на здружението Гоце Попов и Ѓоре Захарчев, денес разговарав за нивните идни планови и за можностите Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да помогне во нивното остварување. Зборувавме за модели за финансиска поддршка што би им ја олесниле набавката на опрема и би им овозможиле да го осовременат производството.

Посебно ме охрабрува вниманието што го насочуваат кон развојот на органското лозарство, со што водат грижа и за зачувување на биодиверзитетот во лозовите насади. Во тој пристап препознавам дополнителен потенцијал за конкурентска предност на македонското вино и можност за остварување поголема вредност на странските пазари.
Фејбсук статус на Борче Серафимовски

