Без вода денеска ќе биде дел од улицата Џон Кенеди, а населбата Топанско Поле ќе има намален притисок, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето е поради поради изведување на водоводен приклучок (Ф250 на Ф125 мм) на улицата Ферид Заири бр.12, ќе започне од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Дел од корисниците во општините Аеродром и Чаир денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции, информираат од ЕВН Македонија.
Во периодот од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ бр. 49 во општина Аеродром.
Во општина Чаир, во периодот од 08:30 до 11:15 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите на дел од булеварот „Македонско-косовска бригада“ и улицата „Методија Митевски“, поради работа во ТС „Топаанско Поле 11“.
Од ЕВН информираат дека прекините се планирани за изведување работни активности на електродистрибутивната мрежа.

