Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство, од утре се отвора експозитурата во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство, од утре се отвора експозитурата во Скопје
Агровести

За клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денес достапни електронското и мобилното банкарство, од утре се отвора експозитурата во Скопје

Објавено 10/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка информира дека продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Во рамките на активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, клиентите на Банката од денес, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат. 

Лимитот се применува збирно за сите сметки во Банката и ги опфаќа следниве канали: плаќање со картички во трговија или електронска трговија, повлекување готовина од банкомати, повлекување готовина на шалтер во експозитура, како и плаќања преку електронско и мобилно банкарство.

Од Народната банка, исто така, информираат дека од утре со работа ќе започне и експозитура на „АЛТА банка“ АД Битола во Скопје, поконкретно експозитурата во Трговскиот центар „Бисер“, на адресата бул. „Јане Сандански“ бр. 1/1. Со отворањето на оваа експозитура, клиентите на Банката од Скопје и околината ќе добијат полесен пристап до банкарските услуги, без потреба да патуваат во другите градови.

Продолжуваат со работа и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово, каде што клиентите можат да ги користат услугите коишто им беа овозможени досега, односно подигање готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и останати потреби.

- Реклама -
Ad image

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за постепено проширување на достапноста на банкарските услуги, со приоритет да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

„АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, а привремената администрација, како што нагласуваат од Народната банка, е заштитна мерка којашто се применува до разрешување на сопственичката состојба. Приоритет на Народната банка останува заштитата на интересите на клиентите и зачувувањето на стабилноста на Банката. 

МИА

Може да ви се допадне

УЈП: Транспарентно за исполнување на даночните обврски
Царината добива електронски пристап до казнената и кривичната евиденција, потпишан договор со Врховниот суд
Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема
Од денес до четврток АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста шап и лигавка
Дурмиши: Заштитата на работниците и подобрувањето на условите за стопанствениците меѓу приоритетите на Министерството за економија и труд
Таг:Алта банкабанкарствоелектронскотоСкопје
Претходен напис Царината добива електронски пристап до казнената и кривичната евиденција, потпишан договор со Врховниот суд
Следен напис УЈП: Транспарентно за исполнување на даночните обврски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?