Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Митовски бара помош од Владата за да се реши проблемот со кравите што слободно шетаат низ Крива Паланка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Митовски бара помош од Владата за да се реши проблемот со кравите што слободно шетаат низ Крива Паланка
Агровести

Митовски бара помош од Владата за да се реши проблемот со кравите што слободно шетаат низ Крива Паланка

Објавено 09/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, уништуваат земјоделски насади и приватен имот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Градоначалникот Сашко Митовски побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба и да обезбеди ресурси за трајно решавање на проблемот.

На прес-конференција, Митовски посочи дека барањето произлегува од заклучоците на Општинскиот кризен штаб, според кои надлежните институции немаат доволно капацитети самостојно да се справат со проблемот.

„Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, порача Митовски.

Според информациите изнесени на Кризниот штаб, добитокот секојдневно се движи и низ центарот на градот, при што се оштетуваат приватни имоти и јавни површини, а се загрозува и безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

- Реклама -
Ad image

Градоначалникот оцени дека за надминување на состојбата се потребни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните.

Од Владата побара заедничка и координирана интервенција со јасен оперативен план, утврдени активности, задолженија и одговорности. Планот, според него, треба да опфати организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на добитокот, како и мерки за спречување на повторување на проблемот.

Митовски потсети дека од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство биле доставени стотици пријави и иницијативи. Поднесена била и кривична пријава за мачење животни, а собрани биле докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини.

Тој посочи и дека правосилните и извршни решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени уште во 2024 година, сè уште не биле целосно спроведени, поради што досегашните делумни интервенции не донеле трајно решение.

Митовски го отвори и прашањето за здравствената состојба и благосостојбата на животните, барајќи информации за нивното следење, последните ветеринарни прегледи и процената на здравствените и епидемиолошките ризици.

„Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача градоначалникот.

Може да ви се допадне

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Нов роботизиран погон на АСП-ПАК во Охрид, Мицкоски најави подршка за секоја инвестиција што носи додадена вредност
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено
Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар
Инфлацијата во октомври 0,4 проценти, годишната стапка достигна 3,3 отсто
Таг:кравиКрива Паланка
Претходен напис Нов роботизиран погон на АСП-ПАК во Охрид, Мицкоски најави подршка за секоја инвестиција што носи додадена вредност
Следен напис АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?