Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НФФ: Прв земјоделски зум Форум „Земјоделството и Корона кризата“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НФФ: Прв земјоделски зум Форум „Земјоделството и Корона кризата“
Агровести

НФФ: Прв земјоделски зум Форум „Земјоделството и Корона кризата“

Објавено 07/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нема да бидеме скромни и ќе кажеме дека Првиот земјоделски Зум форум „Земјоделството и Корона Кризата“, организиран од НФФ помина одлично. Педесет учесници, меѓу кои најголем број земјоделци докрај ги проследија излагањата на говорниците и активно се вклучија во дискусија  што потврдува дека потребата од понатамошни преговори и разговори е голема. На форумот , кој е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ “ поддржан од Шведската организација за развој We Effect беше презентирана анализата „Земјоделството и корона кризата“ подготвена од Билјана Петровска – Митревска, и Стеван Орозовиќ. Со поздравни говори се обратија Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, Васко Хаџиевски, претставник од WE Effect и проф д-р Вјекослав Танасковиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Им благодариме на сите за одвоеното време и сите дадовме поттик за натамошно заедничка работа и вложување во развојот на земјоделството како значајна развојна економска гранка во државата и се надеваме дека и институциите ќе продолжат поинтензивно да работат на системска поддршка за равој на земјоделството и руралните средини.

Препораки и предлози на Форумот:

  1. Во рамките на дејствувањето на идната Влада клучен сектор во јакнење на домашната економија и стопанство да е и земјоделството. Посебно внимание да посвети на подобрување и одржување на земјоделската инфраструктура во делот на патишта, наводнувањето, одводнувањето и справување со климатските промени, како и почитување и функционирање на договорното производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
  2. Да се промовираат македонските дошашни  земјоделски производи  и да продолжи стимулирање на македонските граѓани да купуваат домашни производи.
  3. Прифаќање на предлогот на НФФ, регистрираните индивидуални земјоделци чија основна дејност е земјоделството да бидат поддржани со соодветни владини мерки  во насока на нивно јакење.
  4. Поголема промоција и имплементација на Правилниците  за услови и хигиена за производство и ставање во промет на храната од неживотинско и животинско потекло наменета за директно снабдување, во географско или економски ограничувања, како општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики и Правилникот за мали винарии.
  5. Подобрување на економската и социјална положба на младите и жените од руралните средини преку креирање на мерки за подршка  во насока на нивно економско јанење и развој на претприемништво.
  6. Креирање на мерки за намалување на одливот на сезонски работници и поттикнување за поголема работна сезонска сила во земјоделството.
  7. Поголема соработка од страна на институциите со земјоделците и научните институции во насока на креирање на мерки, стратегии и поддршки за справување на земјоделството и негово адаптирање  на новото време, кое е последица на Корона кризата.

Извор – Национална федерација на фармери

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:национална деферацијасоговорницифармери
Претходен напис Упатство за електронско барање за директни плаќања 2020
Следен напис Од денес значително постабилна атмосфера и повеќе сонце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?