Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство
Агровести

Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство

Објавено 05/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Континуираната поддршка од Европската Унија (ЕУ) овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства и преработувачката индустрија, воведување нови технологии и усогласување со европските стандарди, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешниот состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, воспоставена во рамките на секторскиот пристап за програмирање и координација на претпристапната помош од ЕУ (ИПА).

„Посебен акцент ќе ставиме на консолидацијата на земјоделското земјиште, развојот на системите за наводнување, зајакнувањето на задругите и организациите на производители и подобрувањето на земјоделските вредносни синџири“, нагласи министерот Серафимовски.

Тој посочи дека идните мерки ќе бидат насочени и кон развој на климатски отпорно и еколошки одржливо земјоделство, ревитализација на руралните средини и развој на дополнителни економски активности, со поддршка за младите земјоделци, жените и малите стопанства, како и со натамошно унапредување на безбедноста на храната и здравјето на животните и растенијата.

„Нашата заложба е да продолжиме со ефикасно спроведување на ИПАРД III програмата, но и навремено да се подготвиме за новиот финансиски период 2028–2034 година. Активно работиме на идентификување на идните можности за финансирање, имаме капацитети за квалитетни инвестициски проекти за успешно користење на европските средства“, рече министерот Серафимовски.

- Реклама -
Ad image

На состанокот, со учество на Евоут Сандкер, раководител на Секторот за операции во Делегацијата на ЕУ, претставници на меѓународни организации и надлежни институции, беа разгледани приоритетните области за новата финансиска рамка која ќе следува по 2027 година, статусот на ИПА-проектите и придобивките од заедничкото уредување на пазарите за земјоделски производи.

Осврнувајќи се на Извештајот на Европската комисија за 2026 година, министерот  Серафимовски порача дека Министерството ќе се фокусира на исполнување на преземените обврски и спроведување на потребните реформи, преку конкретни активности за реализација на препораките и редовно следење на постигнатиот напредок.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Извозот зголемен за 10,8 проценти, надмина 6,6 милијарди евра за девет месеци
Македонија се вклучува во меѓународна акција за спас на египетскиот мршојадец
Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште
Без струја делови од Кисела Вода, Гази Баба и Чаир, а без вода дел од општина Бутел
АФПЗРР: Се подготвува Закон за заедничка организација на пазарите на земјоделски производители
Таг:земјоделствомодернизирамепродолжувамеСерафимовски
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 05.11.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?