Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 05.11.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 05.11.2026 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 05.11.2026 година

Објавено 05/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите од дожд кои паднаа изминатата недела беа добредојдени за надополнување на влагата во почвата, особено за есенските посеви. Оптималните рокови за есенска сеидба се во тек, а дел од житните култури, како што е пченицата, во некои региони веќе се наоѓаат во фаза на никнување. Врнежите во овој период се од исклучително значење, бидејќи обезбедуваат влага која е главен услов за ртење и правилен развој на семето.

Во лозарските региони голем дел од врнежите што паднаа се акумулираат во подлабоките слоеви на почвата, што е одлично за следната вегетативна сезона. Кај овошните култури, пак, во овој дел од годината потребно е да има доволно влага и на длабочина над два метри. Ова му овозможува на растението да обезбеди резервна зимска влага, поради што овие дождови имаат позитивно влијание. Во меѓувреме, кај некои доцни овошни сорти, како што се дуњите, јапонското јаболко и калинката, во тек е бербата на плодовите. Овошките имаат потреба од вода и по бербата, со цел да се кондиционираат, да презимат без оштетувања од ниски температури и да формираат квалитетни родни пупки за идната година. За постигнување висок и квалитетен принос, почвата мора да има доволно лесно достапна вода во текот на целата вегетација. Исто така, во тек е садењето на одделни градинарски култури, како и собирањето на преостанатите есенски плодови.

Препорака: Земјоделските производители редовно да ја следат состојбата на своите посеви по дождот и да проверуваат дали има прекумерно задржување на вода. Се препорачува одложување на ѓубрењето во периоди на висока влажност, за да се избегне ризикот од испирање и загуба на хранливите материи. Поради зголемената релативна влажност во зоната на растенијата, создадени се поволни услови за појава на растителни болести и штетници, па затоа е неопходна редовна контрола. Земјоделците треба будно да ја следат и тридневната временска прогноза.

Временска прогноза до почетокот на следната недела:

- Реклама -
Ad image

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. За време на викендот утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. На почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб, локален дожд. Минималната температура ќе се движи во интервал од -3°C на повисоките места, до 9°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 9°C до 17°C.

Поради најавените минусни температури, земјоделците треба да преземат мерки за заштита на младите есенски посеви во фаза на никнување и на новосадените градинарски култури од површинско замрзнување на почвата. Се препорачува мулчирање или површинско покривање на почувствителните растенија со заштитна фолија (агротекстил). На тој начин ќе се зачува акумулираната топлина во почвата и ќе се спречат оштетувања на кореновиот систем од првите ноемвриски мразеви.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Неделава стабилно, од понеделник услови за слаб дожд
Облачно со локален дожд
До недела стабилно време, за викендот утринската температура под нулата
Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот
Стабилно и суво време од утре, за викендот утринските температури ќе се спуштат под нулата
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културиСостојба
Претходен напис Извозот зголемен за 10,8 проценти, надмина 6,6 милијарди евра за девет месеци
Следен напис Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?