Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Идеја за инвестиција преку Мерка 7: Изградете апартмани во Струга или Валандово со грант од ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Идеја за инвестиција преку Мерка 7: Изградете апартмани во Струга или Валандово со грант од ИПАРД
ИПАРД

Идеја за инвестиција преку Мерка 7: Изградете апартмани во Струга или Валандово со грант од ИПАРД

Објавено 04/11/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од АФПЗРР информираат дека во декември ќе се објават повици за три мерки од програмата ИПАРД – Мерка 1, Мерка 3 и Мерка 7.

Комплетните информации околу услови, критериуми и новини ќе има кога ќе се објави официјално повикот од страна на АФПЗРР.

Во продолжение основни информации за Мерка 7 – „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата.

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во промоција на руралниот туризам може да се аплицира за неповратен грант од 60% во инвестиција за сместување во внатрешен простор – апартмани.

- Реклама -
Ad image
  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за предложен
    инвестициски проект треба да изнесуваат 10.000 евра во денарска противвредност.
  • Максималната вредност на вкупните прифатливи трошоци за предложен
    инвестициски проект не треба да надминуваат 1.000.000 евра во денарска
    противвредност. Во случај истите да ја надминуваат вредноста, Агенцијата ќе изврши
    пропорционално намалување на сите прифатливи трошоци до максималната вредност
    на прифатливи трошоци од 1.000.000 евра.
  • Максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден
    корисник во рамките на оваа мерка е 1.500.000 евра во денарска противвредност за
    целиот период на спроведувањето на ИПАРД Програмата.

Планираната инвестиција најдобро може да се прикаже со следниов пример:

Доколку барателот – правно лице ( од рангот микро или мало претпријатие) со место на инвестиција  во Струга или Валандово (Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД) сака да започне да се занимава односно да инвестира во изградба на објект за туристичко сместување – апартмани.

– Реклама –

Ad image

Бидејќи вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 10 000 евра до 1 000 000 евра. Во нашиов пример предпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 200 000 еур без ДДВ.  Неповратниот грант за оваа инвестиција изнесува 120 000 евра.

Документи кои се потребни при изградбата на објектот и набавка  на оваа опрема се:

  1. Барање за користење на средства ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на одговорно лице
  3. Диплома за завршено минимум средно образование или сертификат за завршен курс/обука за вршење на економската активност или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  4. Доказ дека правното лице не е во постапка на стечај
  5. Доказ дека правното лице не е во постапка на ликвидација
  6. Доказ дека врз барателот не е изречена прекршочна санкција за вршење професија, дејност или должност
  7. Изјава за големина на субјект (консултантска куќа)
  8. Потврда дека едно одговорно лице е во редовен работен однос во правното лице од АВРМ
  9. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  10. Потврда од локалната самоуправа – Општината Струга (Населени места определени како рурални области кои можат да користат средства од ИПАРД),  дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  11. Имотен лист за земјиштето каде ќе се гради објектот
  12. Доколку е изнајмено потребен е и договор за закуп не пократок од 7 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се направи договорот на 10 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист
  13. Решение за одобрен елаборат од министерство за животна средина ( или ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТОТ
  14. Две понуди од различни добавувачи за секоја ставка помала од 10 000 евра придружени со техничка спецификација
  15. Три понуди од различни добавувачи за секоја ставка поголема од 10 000 евра придружени со техничка спецификација
  16. Копии од лиценци за градба за секој понудувач
  17. Договор за општи трошоци
  18. Фактура за платени општи трошоци
  19. Понуда за општи трошоци
  20. Копии или електронска форма од основните технички цртежи и предмер пресметка од ревидирана техничка документација
  21. Деловен план (консултантска куќа)

Важно: Со оглед на тоа дека се работи за инвестиција предложена од правно лице капацитетот не треба на биде поголем од 20 соби во кои можат да се сместат најмногу 30 лица (не вклучувајќи ги дополниелните кревети за деца). Надворешниот изглед мора да биде во согласност со стилот со традиционалната архитектура или да е во соглсност со пејсажниот амбиент на околината.

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијатa и од овој момент може да се започне со градбата на апартманите т.е. со сопствени средства може да ги изгради апартманите со што сите плаќања мора да бидат по фактура преку банка.

После реализацијата односно од кога ќе бидат завршени со градба апартманите се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 60% односно доколку инвестицијата изнесувала 200 000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 120 000 евра кои преставуваат неповратен грант. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Најважната новина за ИПАРД 3 е авансното плаќање од 30 до 50% со склучување на договорот.

Повеќе информации на 071 225 345

Мерка 7 од ИПАРД: 600.000 евра грант за рурален туризам, алтернативно производство, ветеринарни станици…

Може да ви се допадне

Грант до 600.000 евра за развој на бизниси: Производство на мебел, облека, преработки од дрво, хартија, гума, кожа…
Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства
До 75% ГРАНТ за инвестиции во СТОЧАРСТВОТО: Изградба на ФАРМИ за говеда, овци, кози, свињи…
Можност за нов трактор и механизација со ГРАНТ од ИПАРД
ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
Таг:апартманиипардрурален туризам
Претходен напис ЕК: Без уставни измени нема напредок кон ЕУ
Следен напис Цените на нафтата нагло паѓаат, американските берзи бележат раст по победата на демократите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?