Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата
Агровести

Тројца администратори од НБ го преземаат управувањето со „Алта банка“, за 21 ден треба да ја утврдат состојбата

Објавено 03/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка воведе тримесечна администрација во „Алта банка“ АД Битола, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност, односно способноста да ги покрива обврските.

Со решението донесено на 1 ноември, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, кои ги преземаат надлежностите на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери, со исклучок на одлучувањето за зголемување на капиталот. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата.

Администраторите имаат рок од 21 ден да ја утврдат целокупната состојба во банката и да достават извештај до Извршниот одбор на Народната банка. Во текот на тримесечниот период, тие ќе ја контролираат и исплатата на општите и административните трошоци, кои ќе може да се реализираат само со нивно одобрение.

Целта на привремената администрација, воведена со решение од 1 ноември, е банката да продолжи да работи, а средствата и интересите на штедачите и другите доверители да бидат заштитени до разрешување на сопственичката состојба.

- Реклама -
Ad image

Во периодот на администрацијата се воведени ограничувања на одливот на средства. За физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за готовински подигања и плаќања со картички издадени од банката кај трговци. Внатрешните плаќања од сметките на физичките лица кон други сметки во банката остануваат овозможени без ограничување на износот.

Правните лица ќе можат неограничено да вршат внатрешни плаќања кон други физички и правни лица кои имаат сметки во банката, но нема да можат да префрлаат средства надвор од банката преку платните системи во земјата, ниту да подигаат готовина од банкоматите или шалтерите на банката.

Приливните плаќања од странство преку СЕПА и кореспондентното банкарство ќе се одвиваат непречено, додека одливните плаќања кон странство привремено нема да бидат достапни за физичките и правните лица.

Од Народната банка посочуваат дека штедните влогови на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување депозити до износ од 30.000 евра, согласно законските правила. Кредитокорисниците треба и натаму навремено да ги исполнуваат обврските кон банката.

Привремената администрација ќе трае три месеци, а Народната банка најавува дека континуирано ќе ја следи состојбата и ќе ги преиспитува ограничувањата во зависност од развојот на настаните.

Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека е формиран тим од седум вработени за следење на работењето на „Алта банка“ Битола. Тој посочи дека сопственикот од Белград бил известен да ги стави акциите на продажба, во спротивно Народната банка ќе ги понуди на аукција, оценувајќи дека има заинтересирани купувачи.

Од Народната банка ги повикуваат граѓаните и клиентите да се информираат преку официјалните извори и да не носат одлуки врз основа на непроверени информации, посочувајќи дека непотребното и масовно повлекување средства не е во интерес на штедачите.са/дма/

МИА

Може да ви се допадне

Дали пожарите на ниво на предел го загрозуваат нашето производство на храна?
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди
Делови од Гази Баба и Илинден без струја, ГТЦ без вода
Регионална конференција за е-трговија во Скопје
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
Таг:21 денАлта банкаНБТројца администратори
Претходен напис Пире од сладок компир
Следен напис Дали пожарите на ниво на предел го загрозуваат нашето производство на храна?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?