Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народната банка: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народната банка: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста
Агровести

Народната банка: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста

Објавено 02/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Народната банка на Република Северна Македонија воведе привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола исклучиво поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Важно е да се нагласи дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити. Напротив, целта на оваа привремена заштитна мерка е Банката да продолжи непречено да работи, средствата на клиентите да останат на нивните сметки, а имотот и интересите на сите штедачи и други доверители да бидат заштитени до разрешување на сопственичката состојба, односно промена на сопственоста на Банката.

Станува збор за привремена заштитна мерка, а не за постапка за затворање на Банката. „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, не е во стечај и не ѝ е одземена дозволата за работа. Банката е ликвидна, високо капитализирана, со солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува супервизорските стандарди.

Во периодот на привремената администрација, Народната банка појаснува дека:

„АЛТА банка“ АД Битола работи и продолжува да им ги обезбедува услугите на своите клиенти. Мерките преземени во однос на „Алта банка“ АД Белград не значат одземање на дозволата за работа на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту отворање стечајна постапка.

- Реклама -
Ad image

Банката е ликвидна, високо капитализирана и има солиден квалитет на кредитното портфолио, а нејзиното работење е предмет на непосреден супервизорски надзор од страна на Народната банка.

Воведувањето администрација е времена мерка со која управувањето со имотот и работењето на Банката привремено се врши преку лица именувани од Народната банка. Целта е да се зачува стабилноста на Банката и да се заштитат средствата и интересите на нејзините клиенти до промената на сопственичката структура.
Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки. Привремено е ограничена само динамиката на одливот на средства, со цел да се спречи нагло и масовно повлекување на ликвидноста, што би можело да влијае врз интересите на сите штедачи.

За физичките лица е определен неделен лимит за одлив од сметките во износ од 10.000 денари, кој може да се користи со картичките издадени од Банката за готовински подигања и плаќања кај трговци. Внатрешните плаќања од сметките на физичките лица кон сметките на други физички и правни лица, во рамките на Банката остануваат овозможени во неограничен износ.

Правните лица ќе може да извршуваат само внатрешни плаќања од своите сметки кон сметките на други правни и физички лица, во рамките на Банката во неограничен износ. Правните лица нема да можат да изнесуваат средства надвор од Банката преку платните системи во земјата, а ниту пак преку повлекување готовина од банкомати или шалтери на Банката.

Приливните плаќања од странство преку СЕПА и коресподентно банкарство ќе се одвиваат непречено, додека одливните плаќања кон странство нема да бидат достапни привремено за физичките и правните лица.
Кредитокорисниците треба и натаму навремено да ги исполнуваат своите обврски кон Банката.
Штедните влогови на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување депозити до износ од 30.000 евра, согласно законските правила.

Народната банка континуирано ја следи состојбата во Банката и ќе ги преиспитува воведените ограничувања во согласност со развојот на состојбата. За сите промени јавноста ќе биде навремено информирана преку официјалните канали на Народната банка.

Народната банка ги повикува граѓаните и клиентите на Банката да не носат одлуки врз основа на непроверени информации, туку да се информираат исклучиво од официјалните извори. Непотребното и масовно повлекување на средства не е во интерес на штедачите, поради што е особено важно да се избегнуваат постапки предизвикани од неточни или непотврдени информации.

Народна банка

Може да ви се допадне

Гевгелија со најмногу дожд – измерени 29 литри на квадратен метар, врнежите продолжуваат и денеска
Делови од Маџари денеска без струја поради технички зафати на ЕВН.
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АЛТА банка АД Битола ги затвора експозитурите за работа со клиенти: Воведен е неделен лимит од 10.000 денари преку картичките
Акциите на Алта банка Битола одат на продажба, веќе има заинтересирани купувачи
Таг:АЛТА банкаБанкатаНародната банкаштедачите
Претходен напис Делови од Маџари денеска без струја поради технички зафати на ЕВН.
Следен напис Гевгелија со најмногу дожд – измерени 29 литри на квадратен метар, врнежите продолжуваат и денеска
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?