Моќниот и современ трактор LOVOL 904, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
Тракторот LOVOL 904 е дизајниран за најефикасна и најсовремена обработка на вашите земјоделски површини.
LOVOL 904 поседува ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија со турбо и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, ниска потрошувачка, обезбедува максимална сигурност и професионална обработка на сите работни површини. Има максимална резерва на вртежен момент од ≥30% и сила на влечење од 24 KN. Синхронизираниот менувач со 12 + 12 брзини овозможува лесно менување и комфор во извршувањето на сите операции.

Тракторот LOVOL 904 има мал радиус на вртење од 4,5 m со што го заштедува времето за вртење и ја зголемува ефикасноста. Располага со удобен работен простор, со ергономски дизајн, прилагодлива висина на хидрауличен управувач, Grammer воздушно и удобно седиште, кои го намалуваат заморот на операторот за време на долгите часови на терен.

Тракторот LOVOL 904 е со 3 години гаранција и целосна поддршка во и вон гарантен рок во нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.

Спецификација за Трактор LOVOL 904:
- Mоќност на мотор: 90 коњски сили
- Број на цилиндри / зафатнина на мотор: 4 цилиндри / 4000 cm3
- Погон на сите 4 тркала / 4WD
- Хидрауличен волан
- Синхронизиран менувач / Брзини: 12 напред, 12 назад
- Кардан со 2 брзини: 540 и 1000 вртежи
- Гуми Агри: Предни 12.4-24, Задни 18.4-30
- Хидраулика: двосмерна MONOBLOK
- 4 хидраулични излези
- Тегови: напред 8 x 44kg и назад 4 x 82kg
- Компресор, приклучоци за воздух, 2 влечни куки, топлинг, сет алат
- Настрешница и заштитен рам
- Grammer воздушно седиште
Тракторот LOVOL 904 е достамен во понуда и со херметичка кабина со парно и клима.

LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и поддршки за земјоделците.
За подетални информации, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ ви стои на располагање!
Контакт Струмица:
034/523-513
075/468-397; 075/256-468; 072/261-251
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: [email protected]
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, ArmaTrac, POLARIS, INDIAN, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, SWM, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, Palazoglu, FPM и други.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со нашите ценети клиенти.

