Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интересот на компаниите за дигитализација се зголемува, поддршка нуди Владата и Европската комисија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Интересот на компаниите за дигитализација се зголемува, поддршка нуди Владата и Европската комисија
Агровести

Интересот на компаниите за дигитализација се зголемува, поддршка нуди Владата и Европската комисија

Објавено 26/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија има солидна основа за развој на дигитализацијата и располага со квалификувани кадри и институции кои можат да ја спроведат. Интересот кај компаниите постојано се зголемува, но, за целосно спроведување на дигитализацијата потребни се партнерства и поддршка. 

 Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ веќе нуди бесплатни услуги за компаниите, а средствата се обезбедени преку Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија. 

– Процесот на дигитална трансформација не е едноставен и не претставува предизвик само за нашата држава. Токму затоа, Европската Унија формираше мрежа на европски дигитални иновациски хабови низ цела Европа, кои им помагаат на компаниите во процесот на дигитална трансформација. Во Европа функционираат околу 200 вакви хабови, а во Македонија, покрај нашиот, од оваа година започна со работа уште еден – вели проф. д-р Димитар Ташковски, директор на ИНОФЕИТ ЕДИХ.

Тој во изјава дадена пред денешната панел дискусија рече дека досегашното искуство покажува дека е неопходна соработка меѓу сите чинители во екосистемот.

- Реклама -
Ad image

– На компаниите им е потребна поврзана поддршка: од идентификување на потребите и изработка на патоказ за дигитална трансформација до развој и тестирање на пилот-решение и обезбедување финансии за неговата примена. Преку ИНОФЕИТ ЕДИХ досега се обезбедени околу 40 услуги за тестирање пред инвестирање. Особено радува што компаниите доаѓаат со сè повеќе иновативни идеи. Со заедничка поддршка, тие идеи можат да прераснат во конкретни решенија за попродуктивно и поконкурентно работење – изјави Ташковски.

Од Владата најавуваат дека ќе продолжи финансирањето од страна на државата на ваквите хабови.

– Планираме и во периодот што следува активно да го поддржуваме овој модел на функционирање. Имаме најава за уште еден дигитален иновациски хаб, за кој Владата одлучи да обезбеди поддршка од еден милион евра, со кофинансирање од програмата „Дигитална Европа“. Во периодот што следува се очекува да се развиваат и други дигитални иновациски хабови. Ова е начинот на кој го поддржуваме приватниот сектор во дигиталната трансформација. Нема обвинувања за корупција, нема обвинувања за фаворизирање на едни или други компании. Сите компании што аплицирале и ги исполниле условите поминале низ соодветните процеси, добиле бесплатни обуки, менторство, анализи и можности за дигитална трансформација на своите бизниси – посочи министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Швајцарија, како една од најиновативните држави во светот во последните 16 години, нуди помош на овој план.

– Постојат и многу човечки врски меѓу Швајцарија и Северна Македонија. Во Швајцарија живеат повеќе од 100.000 луѓе со потекло од нашата земја. Многумина од нив работат во ИТ-секторот, во областа на дигиталните технологии, па дури и во областа на вештачката интелигенција – изјави швајцарскиот амбасадор во земјава Кристоф Зомер.

Може да ви се допадне

Бензините поевтинуваат за пет денари, цената на дизелот останува иста
Листа на рурални подрачја во кои може да инвестирате со грант од ИПАРД преку Мерка 7
Меѓународна соработка на УКЛО со универзитети од Шпанија и Италија
АХВ: Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево
Мерка 7 од ИПАРД: 600.000 евра грант за рурален туризам, алтернативно производство, ветеринарни станици…
Таг:ВладатадигитализацијаЕвропската комисијакомпаниите
Претходен напис Променливо облачно време со дожд и снег на планините, засилен северозападен ветер долж Повардарието
Следен напис Листа на рурални подрачја во кои може да инвестирате со грант од ИПАРД преку Мерка 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?