На последниот состанок на Советот на министри за земјоделство и рибарство и Европскиот парламент, одржан под хрватско претседателство, донесена е одлука со која субвенциите за Заедничка земјоделска политика(ЗЗП), сепак ќе се одложат за уште две години.
Ова било тема на неодамна одржаниот состанок на челновите на Европскиот совет и Европскиот парламент каде е договорен привремен план со кој ќе се овозможи двегодишно субвенционирање. Меѓутоа, на Комисијата тоа не и се допаднало бидејќи сметала дека ќе настане јаз помеѓу моменталната и идната програма, па се залагаше за тоа субвенциите да се спроведуваат по една година.

Продолжување на директните плаќања и финансирањето на нови проекти
Обезбедувањето на договор за преодни регулативи на Заедничката земјоделска политика беше клучен приоритет на хрватското престседателство со Советот на ЕУ. Со оглед на заначајните околности во кои работеа во последните неколку месеци , успешно ги извршија своите задачи па би можело да се каже дека успеаа да ја остварат својата цел.
– „Продолжување на постоечките правила за уште две години им ја дава потребната сигурност на сите земјоделци ширум Европа во текот на кризата КОВИД-19” изјави хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ.
Дури и без договор за реформи на ЗЗП, кој е задоложен за некои други состаноци, одлучено е дека со преодниот закон ќе се обебзеди продолжение на директните плаќања како и финансирање на нови проекти во програмата за рурален развој.

Потребен договор за идната долгорочна пресметка на ЕУ
„Затворањето на договорот пред крајот на хрватското претседателство беше важен чекор“, изјави претседателот на Одборот за земјоделство на Европскиот парламент (AGRI) Норберт Линс и додаде: „За да ја завршиме работата и да ги забрзаме реформите после 2022. година, потребен ни е договор за идните долгорочни пресметки на ЕУ“.
Со ваквиот став се сложи и финската европарламентарка Елси Катаинен која исто така потенцира дека за новите одлуки треба да се посоветуваат и со земјоделците и да им се даде можност и тие да планираат за понатамошната иднина на ЗЗП.
Извор: Agroklub
