Денес, како и на почетокот од новата недела која што ни претстои, и понатаму ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови доста нестабилно време со почеста појава на врнежи и грмежи.
Локално ќе има услови за појава на невреме проследено со силен ветер, електрични празнења, пороен дожд и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Постабилна атмосфера ќе имаме од среда па натаму.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

