Најниска минимална температура од седум степени изутринава е измерена на Попова Шапка, а највисока од 16 степени во Демир Капија и Гевгелија.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најниска температура од 7 степени е измерена на Попова Шапка, 10 степени во Маврови Анови, Крушево, Берово и Крива Паланка, 11 во Прилеп, 12 во Охрид, Претор, Тетово, Виница и Кавадарци, 13 во Битола и Струмица, 14 во Куманово и на мерните места Скопје-Зајчев Рид и Скопје-Петровец, 15 во Штип и Велес, а најтопло со 16 степени во Демир Капија и Гевгелија.
Во Лазарополе во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнале 17 литри дожд на квадратен метар, а во Попова Шапка, Маврови Анови и Тетово по 14 литри на квадратен метар. Во Охрид се измерени девет литри, во Претор осум, во Крушево пет, во Битола и Скопје-Петровец по три, во Велес, Куманово и Крива Паланка по два, а во Штип, Прилеп, Виница и Гевгелија по еден литар на квадратен метар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во одделни котлини ќе има утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 22 степени.
МИА

