Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заменик-министерот Хоџа на Балканскиот самит 2026: Регионалната соработка отвора можности за развој на земјоделството и привлекување инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заменик-министерот Хоџа на Балканскиот самит 2026: Регионалната соработка отвора можности за развој на земјоделството и привлекување инвестиции
Агровести

Заменик-министерот Хоџа на Балканскиот самит 2026: Регионалната соработка отвора можности за развој на земјоделството и привлекување инвестиции

Објавено 22/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествуваше како панелист на Балканскиот самит 2026, одржан на 20 октомври во Приштина, каде што се дискутираше за можностите за развој на земјоделско-прехранбениот сектор, унапредувањето на земјоделските технологии и зајакнувањето на економската соработка меѓу земјите од регионот.

На панелот посветен на земјоделството и прехранбената индустрија, на тема „Од балканската почва до глобалните полици: земјоделство, агротехнологија и преработка на храна во голем обем“, Хоџа, заедно со претставници од Косово и Албанија, дискутираше за заедничкиот потенцијал на регионот и можностите за создавање поконкурентен земјоделски сектор.

Во текот на дискусијата, заменик-министерот Хоџа истакна дека земјите од Западен Балкан располагаат со значителен земјоделски потенцијал, но дека неговото поефикасно искористување бара поблиска соработка, инвестиции во технологија, модернизација на производството и развој на преработувачките капацитети.

„Регионалната соработка не треба да се ограничува само на трговската размена. Таа треба да создава услови за заеднички инвестиции, трансфер на технологии, зголемување на производствените капацитети и полесен пристап до меѓународните пазари. Со обединување на нашите потенцијали, можеме да го направиме регионот попривлечен за инвеститорите, а нашите производи поконкурентни на странските пазари“, истакна Хоџа.

- Реклама -
Ad image

Посебно внимание беше посветено и на безбедноста на храната, стандардите за квалитет и усогласувањето на законодавството со барањата на Европската Унија. Хоџа ја нагласи важноста од зајакнување на соработката меѓу институциите надлежни за безбедноста на храната и ветеринарните служби, како предуслов за зголемување на довербата на потрошувачите и олеснување на прометот на земјоделско-прехранбените производи.

Тој исто така истакна дека одржливиот развој на земјоделството бара поддршка за земјоделците, поттикнување на приватните инвестиции, модернизација на земјоделската механизација и создавање услови домашното производство да генерира повисока додадена вредност.

Во таа насока, Република Северна Македонија останува посветена на развојот на модерно, конкурентно земјоделство, ориентирано кон европските стандарди, при што соработката со соседните земји се смета за значајна можност за економски развој на регионот.

Учеството на Балканскиот самит 2026 претставуваше можност за размена на искуства, идентификување нови области за соработка и промовирање на потенцијалот на земјоделско-прехранбениот сектор на Северна Македонија.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Поскапувањето на храната почнува далеку од маркетите – светот стравува од нов ценовен бран во 2027 година
Дел од Скопје без струја поради зафати на електродистрибутивната мрежа
Серафимовски на берба на маслинки: Слика што би сакал почесто да ја гледаме и во други краеви на Македонија
Како Швајцарците од волната од овци прават изолација за куќите
Доцни сеидбата на житните култури во Штипскиот Регион
Таг:Балканскиот самитземјоделствотоинвестицииХоџа
Претходен напис Дел од Скопје без струја поради зафати на електродистрибутивната мрежа
Следен напис Поскапувањето на храната почнува далеку од маркетите – светот стравува од нов ценовен бран во 2027 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?