Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпретседателот на АЗСРМ Гоце Сарафимов: Имаме одлично поднебје, но потребни се долгорочни стратегии за да го зачуваме производството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпретседателот на АЗСРМ Гоце Сарафимов: Имаме одлично поднебје, но потребни се долгорочни стратегии за да го зачуваме производството
АгровестиИнтервју

Потпретседателот на АЗСРМ Гоце Сарафимов: Имаме одлично поднебје, но потребни се долгорочни стратегии за да го зачуваме производството

Објавено 16/10/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светскиот ден на храната се одбележува на 16 октомври секоја година во чест на основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во 1945 година. Овој значаен датум ширум светот ја испраќа пораката за важноста на безбедноста на храната, борбата против гладот и одржливиот развој на руралните средини.

И додека светот зборува за заштита на земјиштето и справување со климатските промени, македонските земјоделци се соочуваат со проблеми што директно им го загрозуваат производството. Сушите и поплавите, расипаните системи за наводнување, евтиниот увоз и сè помалиот број жители во селата им ја отежнуваат работата и ја доведуваат во прашање иднината на земјоделството.

За тоа како се произведува храната кај нас, од семе до трпеза, со какви климатски проблеми се соочуваат нашите земјоделци и каква е реалната слика за земјоделствеото во Македонија, разговараме со Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијацијата на земјоделци и сточари.

Како се избира семето и дали е макотрпен процесот да се подготви земјата за садење?

– За успешна реколта во земјоделското производство, секако дека е мошне важно да се изврши правилен избор на семенски или посадочен материјал. Најдобро е да се воспостави долгорочна соработка со проверени и, пред сè, регистрирани производители на семе и саден материјал. Треба да се проучат карактеристиките на секоја сорта, бидејќи различни сорти бараат посебни услови, пред сè, климатски, потреба од наводнување, отпорност на мраз и суши, како и приспособливост на разни почви. Изборот на почвата и нејзината правилна и навремена подготовка за сеидба се исто така многу важни за добра реколта и добивање добри приноси.

Што е клучно семето да даде убав и здрав плод?

– При изборот на семенскиот материјал, клучно е да се избере сорта која е соодветна и дава најдобри резултати за одреден регион, односно поднебје. Иако нашата држава е релативно мала територија, климатските услови не се исти во сите региони. Затоа е пожелно внимателно да се избираат сортите за секој регион. Дури и земјоделските култури треба да се бираат со претходна анализа во кој регион е подобро да се посеат, бидејќи не даваат исти резултати на која било почва и во секој регион.

Колкав предизвик се климатските промени како сушите, градот и горештините?

– Климатските промени се голем глобален предизвик и различно, но пред сè, негативно ќе влијаат во иднина речиси насекаде во светот. За жал, земјоделското производство во Македонија е најдиректно засегнато и климатските промени мошне негативно ќе влијаат на него во иднина. За справувањето со влијанието на климатските промени, ние како земјоделци речиси и не можеме ништо да направиме без поддршка од државата, со дополнителни вложувања, пред сè, во системи за наводнување, противградна заштита и борба со мразовите.

Откако ќе дојде време за берба, што сè е потребно за набраниот плод да стигне безбеден и свеж до купувачите?

– По собирањето на реколтата, многу битно е производот соодветно да се складира и чува сè до доставувањето до преработувачот или крајниот потрошувач на пазарот или маркетот. Потребни се нови вложувања во складишни капацитети, за некои производи ладилници, и секако соодветна амбалажа и соодветни транспортни возила.

Дали денес може нормално да се живее од оваа работа и што ги држи земјоделците да не се откажат?

– Денес многу тешко се живее од земјоделие, а причини има повеќе за сегашната лоша состојба во секторот за земјоделието. Иако се декларираме како земјоделска земја, по тоа како се однесува државата и институциите задолжени за земјоделието, секако дека не сме земјоделска земја.

  • Имаме раситнети земјоделски стопанства кои не се конкурентни.
  • Уништени се системите за наводнување.
  • Непостоење на поврзаност, односно договорно производство.
  • Имаме технички неспремни земјоделски стопанства со многу ниска продуктивност, кои не можат да се справуваат со сè поголемата конкуренција на увезените евтини земјоделски производи, кои се високо субвенционирани од државите од каде што се увезуваат.

Сè помалку млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделие, статистиката е поразителна, пред сè, демографската, за празнење на селата во Македонија. Позитивни промени во земјоделието и селата не се прават со изборни ветувања, туку се потребни економски мерки кои долгорочно ќе се планираат и ќе се применуваат со јасни, мерливи стратешки цели што сакаат да се постигнат.

Што треба да знаат потрошувачите за храната и како да одберат квалитетен производ?

– Поднебјето во Македонија има одлични услови за производство на многу квалитетни земјоделски производи од градинарство, овоштарство, лозарство и секако сточарски производи.

Денешново време бара примена на современи и проверени хемиски препарати и ѓубрива за заштита и добивање добри приноси, затоа е потребно внимателно користење на истите, со примена на пропишаните дози и секако редовна лабораториска контрола на производите што се употребуваат. Институциите задолжени за контрола треба да се погрижат на пазарот да не се појавуваат недозволени хемиски средства.
Што се однесува до тоа како граѓаните да препознаат добар и лош производ на пазарот, ќе го земеме за пример доматот.  Добриот зрел домат има природна рамномерна или малку нерамномерна црвена боја, неправилноста на обликот не значи дека е лош. Да се избегнува домат со мувла, гнилеж или необичен мирис. Зрелиот домат има пријатен мирис, особено кај дршката. Доматот што изгледа совршено може да има остатоци од пестициди, а домат со неправилна форма може да биде сосема безбеден.

На граѓаните им се препорачува да се информираат како да препознаат квалитетни и неквалитетни производи, за да можат да изберат здрави и безбедни намирници за својата трпеза.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

Жените од Ранковце– чувари на традицијата и промотори на домашните вкусови
Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба
Земјоделците се соочуваат со нови поскапувања, за една година цената на горивата скокна за 21,7 процент
Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци
Таг:асоцијацијаГоцеземјоделство
Претходен напис Жените од Ранковце– чувари на традицијата и промотори на домашните вкусови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?