Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба
Агровести

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Објавено 16/10/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Девет физички и едно правно лице се опфатени со кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа во врска со набавки во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против девет физички и едно правно лице и тоа: И.Т. (53), Р.Б. (61), Н.А. (63), Ј.М. (58), А.С. (43), С.А.М. (64), С.С. (61), Л.К. (64), сите вработени во Управа за хидрометеоролошки работи Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.4 во врска со ст.1) во врска со (чл.22) „соизвршителство“ од КЗ, В.Х. (48), управител на правно лице од Битола за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3 во врска со ст.1) во врска со (чл.22) „соизвршителство“ од КЗ и правно лице од Скопје за „фалсификување исправа“ (член 378 ст.4 во врска со ст.1) од КЗ, се наведува во соопштението од МВР.

Според наводите на МВР,  И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, ја злоупотребил својата службена положба, со намера да овозможи противправна имотна корист за други, така што постапил спротивно на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација, на кои се обврзал со договор од 2023 година.

Според истрагата, тој, иако знаел дека се правно нецелосни и процедурално неисправни, донел две посебни одлуки за набавка во различен период за ист настан. Притоа и покрај фактот што однапред имал добиено спецификација за потребни количини на услуги за вкупните потреби и обемот на настанот, постапката ја спровел врз основа на изменета спецификација по единечна количина.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, без претходно изготвен и потпишан записник од отворање на понудите и извештај од спроведена постапка, го прифатил предлогот за избор од Комисијата врз основа на „најниска цена“. Воедно, тој бил должен да увиди дека постапката не е спроведена согласно Етичкиот кодекс на СМО, дека понудувачите не ги исполнуваат условите, како и дека за сите ставки од техничката спецификација нема понудено цени, а критериум за избор бил „најниска цена“, донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Скопје склучил договор за набавка на услуги, со што му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 29.244.786 денари. Исто така, донел и втора одлука за избор на најповолен понудувач и во име на УХМР Скопје со правното лице од Битола склучил договор за набавка за печатење промотивен работен материјал и ситен инвентар, со што овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист од вкупно 782.050 денари.

-Р.Б. – претседател на комисија, Н.А. и Ј.М.- членови на Комисија за спроведување на набавка, во текот на 2023 година постапиле спротивно на одредбите на Етичкиот кодекс на СМО и спротивно на условите и критериумите утврдени во документацијата за набавка. Тие иако знаеле и биле свесни дека понудата на правното лице од Скопје е задоцнета и не ги исполнува условите и критериумите во документацијата за набавка, како и дека понудата на правното лице од Битола е технички неисправна, спротивно на фактичката состојба, без да изготват и потпишат записник и извештај од спроведена постапка, преку формален записник од состанок на комисија дале предлог за избор на најповолна понуда врз основа на цената, иако за сите ставки од техничката спецификација економскиот оператор не понудил цена и не може да се одбере најниска понуда без целосно пополнета техничка спецификација, велат од МВР.

Според истрагата, А.С. – изготвувач на одлука за набавка и С.А.М. и С.С.- одобрувачи на набавка, иако знаеле дека одлуката правно е нецелосна и процедурално неисправна, изготвиле и своерачно потпишале одлука за набавка. Исто така, А.С. изготвила, а С.А.М. и С.С. контролирале и ставиле своерачни потписи и пуштиле во реализација фактура која нема прилог – докази и содржи измислени кофициенти, со што извршиле свесна верификација на невистинити финансиски податоци и овозможиле неоснована исплата.

-Л.К. – контролор од Секторот за финансии, контролирала и ставила своерачен потпис и пуштила во реализација фактура која нема прилог – докази и содржи измислени кофициенти, не е согласно понудата од техничката спецификација, пропуштајќи да изврши задолжителна суштинска и претходна финансиска контрола на доказите. Со ова дејствије, истата извршила свесна верификација на невистинити финансиски податоци и свесно пуштила во реализација и ликвидација финансиска фактура и овозможила неоснована исплата. В.Х. – управител и одговорно лице во правното лице од Битола, во име и за сметка на истото, спротивно на императивните услови утврдени во документацијата за поднесување понуда, доставил понуда која уште во самиот старт е формално и технички неисправна, со цел да се остави простор за последователни манипулации со содржината, а со што понудата го губи легитимитетот на официјален и правно обврзувачки документ за целата содржина. С.С. (починат), во критичниот период управител и одговорно лице во правното лице од Скопје до УХМР во име на правното лице доставувал фактури кои содржеле невистинита содржина и не одговарале на понудените цени во техничката спецификација и обемот на услугите кои биле извршени, се наведува во соопштението од МВР.

Од МВР наведуваат дека со опишаните дејствија И.Т., Р.Б., Н.А., Ј.М., А.С., С.А.М., С.С. и Л.К. постапиле спротивно на Етичкиот кодекс на СМО и овозможиле противправна имотна корист од 29.244.786 денари (475.000 евра) на правното лице од Скопје и противправна имотна корист од 782.050 денари (12.715 евра) на правното лице од Битола. 

МИА

Може да ви се допадне

Земјоделците се соочуваат со нови поскапувања, за една година цената на горивата скокна за 21,7 процент
Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци
Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони
Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Мицкоски вели дека Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари
Таг:директорКривична пријаваслужбената положбаухмр
Претходен напис Земјоделците се соочуваат со нови поскапувања, за една година цената на горивата скокна за 21,7 процент
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?