ЗА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2026 ГОДИНА ЗА:
- МЕРКА 115 – ПОДДРШКА ЗА АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАЌИНСТВО
Ова Упатство има за цел запознавање на корисниците со целта, начинот на спроведување и намената на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година за мерка 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство.
Упатството вклучува и објаснување по однос на процесот на доставување на документи, обработка на барањата, контрола на лице место и реализација на инвестициите.
МЕРКА 115 – ПОДДРШКА ЗА АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАЌИНСТВО
ОПИС НА МЕРКАТА
ПОДДРШКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАЌИНСТВО СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО:
Целта на мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството.
Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на производството преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделско производство и/или за достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон или за достигнување на новововедени стандарди согласно со закон и тоа само за оние инвестиции кои се сметаат за дополнителни инвестиции за достигнување на минимални стандарди и не доведуваат до зголемување на производниот капацитет.
ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ И ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ ПО ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ
Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година и Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18 и „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 77/19, 214/19, 276/21, 91/22, 122/22, 186/22, 73/23, 250/23, 23/24, 69/25 и 227/26), прифатливи се инвестицииза набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции за набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата (Прилог 2)
Напомена: Прифатливите трошоци за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, наменети за инвестиции за набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи не се однесуваат за набавка на потрошен материјал (тегли, шишиња, гајби, кутии, канти и друга амбалажа) како и за набавка на земјоделска механизација и трактори.
ВИСИНА НА ПОДДРШКА
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 360.000,00 денари.
КОРИСНИЦИ
За проектите од мерка 115, потенцијален корисник е земјоделско стопанство чиј носител или член е жена, упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:
Физички лица:
- Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
- Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
- Семејно земјоделско стопанство и
- Носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
Правни лица:
- Трговски друштва, со приоритетна дејност за примарно земјоделско производство, регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
- Трговец поединец со приоритетна дејност за примарно земјоделско производство – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
НАПОМЕНА:
-Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ И МАКСИМАЛНА ВРЕДНОСТ НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ.
- Подносителот на барањето да е жена носител или член на земјоделското стопанство и
- Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.
НАЧИН НА КО-ФИНАНСИРАЊЕ
ОПШТИ ПРИНЦИПИ
Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Корисникот на Програмата, во целост е одговорен за реализација на инвестицијата. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво.
– Корисникот на средства по Мерка 115 може да поднесе барања по други мерки од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата.
– Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за 2026 година.
– Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција (градба, опрема и услуги) не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката.
– Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерка 115 од Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, за ист тип на инвестиција, не можат да бидат корисници на оваа мерка.
– Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 30 дена по реализација на инвестицијата.
ОСТАНАТИ ПРИНЦИПИ
- Принцип на единечно финансирање – Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година финансира типови на инвестиции кои не се финансираат од други грант фондови, од Буџетот на Република Македонија или други фондови од донаторски или финансиски институции, а се со цел да се избегне двојно финансирање на самата инвестиција.
- Принцип на грант – Поддршката по овој основ подразбира доделување на неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Македонија.
ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ
Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 115. Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка се рангираат со бодување согласно подолу прикажаната табела. Агенцијата ќе изврши исплата во рамките на расположливите средства утврдени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Најголен број на бодови што може да добие корисникот за поддршка на активен женски член во земјоделското домаќинство е 100 бода.
За да биде прифатливо барањето, барателот треба да добие најмалку 60 бода.
| Цели на мерката (критериуми) | Бодови | |
| 1 | Барателката да е носител или член на семејно земјоделско стопанство запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства | 25 |
| 2 | Барателката да е регистрирана како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување | 5 |
| Правни лица со земјоделство како примарна дејност во кое управител или сопственик е жена | 10 | |
| Барателката да е регистрирана како индивидуален земјоделец согласно Законот за вршење земјоделска дејност | 10 | |
| 3 | Барателката да има остварено бруто годишни приходи до 300.000 денари | 20 |
| Барателката да има остварено бруто годишни приходи над 300.001 денари | 15 | |
| 4 | Седиштето на земјоделското стопанство да е во подрачја со ограничени можности | 10 |
| Седиштето на земјоделското стопанство да е во рурална средина | 5 | |
| Доколку деловниот план се однесува на органско производство | 5 | |
| Доколку деловниот план се однесува на сточарско производство | 5 | |
| 5 | Барателката за прв пат да користи поддршка за активен член | 5 |
| 6 | Барателката да е член на здружение, земјоделска задруга или локална акциона група | 5 |
| 7 | Барателката да е самохран родител | 10 |
| 8 | Барателката да е лице со попреченост или родител на дете со попреченост | 10 |
| 9 | Барателката да е на возраст до 40 години на денот на поднесување на барањето | 5 |
| Вкупно | 100 |
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МЕРКА 115
Барањата се поднесуваат во хартиена форма по препорачана пошта на адреса на Агенцијата или лично во писарницата на Агенцијата. Барањата за финансиска поддршка потребно е да се испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка, Мерка 115. Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата.
| Потребни документи | Мерка | |
| 1 | Барање за финансиска поддршка за мерка 115 (барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето) | 115 |
| 2 | Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат) (Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач) | 115 |
| 3 | Деловен план – целосно пополнет и изготвен согласно Упатсвото за изготвување на деловен план | 115 |
| 4 | Решение/Тековна состојба за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства | 115 |
| 5 | Годишна даночна пријава (УЈП) | 115 |
| 6 | Потврда од ПИОМ за лица регистрирани како ИЗ согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување или решение доколку е регистрирана како ИЗ согласно Законот за вршење на земјоделска дејност | 115 |
| 7 | Потврда за член на здружение или земјоделска задруга или на локална акциона група | 115 |
| 8 | Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител или потврда за лице со попреченост | 115 |
ПОСТАПКА ПРЕД АФПЗРР
- Поднесување на барање
По објавување на јавниот повик, од страна на АФПЗРР, за поднесување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година по соодветната мерка. Комплетно пополнетото барање се превзема, печати и потпишува од страна на Барателот и заедно со сите пропратни документи соодветно на типот на инвестиција се доставува до Агенцијата во затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува
„Барање за финансиска поддршка, Мерка 115 на следната адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада” бб зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје, Република Македонија или лично на рака во писарницата на агенцијата, на истата адреса.
- Обработка на барање и избор на корисници
По направената контрола за комплетност на барањето, веродостојност на податоците дадени во барањето и неговата прифатливост согласно со критериумите и во определени случаи контрола на лице место, следува рангирање на поднесените барања со бодување. Во случај кога повеќе барања имаат ист број на бодови, истите се рангираат и по датум и време на пристигање. Потенцијалниот корисник ќе биде писмено известен за прифаќање или одбивање на неговото барање во рок не подолг од 3 месеци од завршување на јавниот повик.
Доколку барањето биде оценето позитивно и прифатено, АФПЗРР до потенцијалниот корисник испраќа “Решение за одобрување на барање”.
Против решенијата на АФПЗРР не е дозволена жалба и истите се конечни во управна постапка.
Против решенијата на АФПЗРР може да се поведе управен спор. Поведувањето на управниот спор не го одлага извршувањето на решението (член 20 од Законот за основање на АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18, 190/19 и 134/26).
Напомена: Документите од Централниот регистар на Република Македонија како и податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства Агенцијата ги прибавува по службена должност.
- Склучување на договор
Со решението за одобрување на барањето (проектот), АФПЗРР го известува потенцијалниот корисник дека во определен рок треба да дојде во просториите на АФПЗРР да потпише „Договор за финансиска поддршка“ (Прилог 1). По потпишување на договорот потенцијалниот корисник може да отпочне со реализација на проектот. Договорот се потпишува во 4 (четири) идентични примероци од страна на корисникот и директорот на АФПЗРР, од кои по два примерока добива секоја од договорните страни.
- Обработка на барање за исплата и постапка за одобрување на исплата
Откако ќе биде завршена инвестицијата корисникот треба да достави барање за исплата и останата документација со која ќе се потврди дека инвестицијата е завршена. Документите кои ќе бидат доставени од страна на корисникот треба да бидат заверени со потпис и печат од органот/фирамата која ги издава.
Барање за исплата е унифициран образец кој корисниците ќе го добијат при потпишување на договорот за финансиска поддршка.
Барањата за исплата се доставуваат до АФПЗРР согласно временскиот рок определен во Договорот. Корисникот е обврзан своерачно или електронски да го пополни соодветното барањето за исплата и ги достави потребните документи до АФПЗРР, притоа наведувајќи за која мерка и тип на инвестиција го поднесува истото.
Проверката на финансиската документација се извршува исклучиво на оригинали или копии заверени на нотар при што во случај да се доставени оригинални документи после завршување на постапката за одобрување на исплата АФПЗРР ги враќа истите заедно со донесеното решение до крајниот корисник. Истите ќе бидат означени со печат на АФПЗРР како би се избегнало понатамошно двојно финансирање.
Доколку документите кои се пропратни кон барањето за исплата се достават после рокот, барањето ќе биде одбиено и договорениот износ на финансиска поддршка нема да биде исплатен.
Доколку корисникот направил промени во инвестицијата кои не се предмет на договорот, а притоа не е поднесено барање за анекс на договор, истото барање нема да биде исплатено, или ќе биде делумно исплатено во зависност од ефектот кој настаната промена ќе го има врз целокупната инвестиција која е предмет на договорот.
Доколку корисникот не се придржува кон одредбите од договорот кои се однесуваат на рокот на реализација на инвестицијата, треба да се има во предвид дека сите активности настанати пред потпишување на договорот (освен трошоците направени за интелектуални услуги) нема да се дел од финансиската поддршка. Сите активности набавени пред рок т.е. пред потпишување на договорот нема да бидат предмет на инвестиција. Исто така сите набавени и исплатени активности после рокот на реализација на инвестицијата или во рокот на доставување на барањето за исплата нема да бидат предмет на финансиска поддршка.
Напомена: Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 30 дена по реализација на инвестицијата.
По административната проверка доколку барањето за исплата е комплетно и соодветно, предметот ќе биде проверен на лице место од страна на овластени лица на АФПЗРР кои имаат за цел да ја проверат реализацијата на инвестициајта во целост и во согласност со договорот. По извршената контрола на лице место, ќе биде изработен извештај во кој детално ќе биде опишана фактичката состојба утврдена на лице место. Истиот треба да биде потпишан од страна на лицата кои ја вршат контролата и од самиот корисник или овластено лице од страна на корисникот. Во случај на забелешка на извршената контрола, корисникот има право истата да ја наведе во извештајот.
По извршената контрола, доколку се констатира дека реализацијата на инвестициајта е во целост и во согласност со договорот, се продолжува со постапката за одобрување на исплата. Доколку се констатира неусогласеност на процесот на реализација на инвестицијата во целост и во согласност со договорот се продолжува постапката за одбивање на барањето за исплата.
Откако ќе биде одобрена исплатата, АФПЗРР донесува решение за одобрување на исплата. Доколку биде одбиено барањето за исплата, АФПЗРР донесува решение за одбивање.
Со решението крајниот корисник ќе биде известен за сумата која му е одобрена т.е одбиена, притоа може да приложи тужба до Управен суд согласно законските предвидени постапки.
Сите одобрени и исплатени инвестиции ќе бидат предмет на контрола во период од 5 години после извршената исплата со цел да констатира оддржливоста и непроменетоста на инвестицијата согласно договорот.Против решенијата на АФПЗРР не е дозволена жалба и истите се конечни во управна постапка.
Против решенијата на АФПЗРР може да се поведе управен спор во рок од 30 дена по прием на решението. Поведувањето на управниот спор не го одлага извршувањето на решението (член 20 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/07, 05/09,43/14, 193/15, 39/16, 164/18, 190/19 и 134/26).

ГЕНЕРАЛНИ НАПОМЕНИ
- Барателот поднесува уредно и комплетно пополнето барање за користење на средства.
- Еден барател поднесува посебно барање за секоја мерка. Еден барател може да поднесе најмногу 2 барања по различни мерки од тековната програма. Во рамките на иста мерка, барателот може да поднесе само 1 барање кое се однесува само на еден тип на инвестиција.
- Барателот ја доставува документацијата во затворен плик преку препорачана пошта на адреса: АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ул.Трета Македонска Бригада бр. 20 (зграда Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје, или со предавање во архивата на АФПЗРР секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
- Барателот ја доставува дополнителната документација во затворен плик преку препорачана пошта на адреса: АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ул.Трета Македонска Бригада бр. 20 (зграда Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје, или со предавање во архивата на АФПЗРР секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува дополна за архивски број кој ќе биде наведен во известувањето за дополнување на барањето.
- Доколку понудите или про-фактурите кои се доставени во прилог на барањето (проектот) се од странство, потребно е истите да бидат преведени на македноски јазик од овластен судски преведувач.
- Исплатата на средства од оваа Програма по корисници ја врши АФПЗРР врз основа на претходно одобрени барања со склучен договор за финансиска поддршка за рурален развој и одобрени барања за исплата.
- Доколку вкупната вредност на инвестицијата без ДДВ наведена во барањето, се разликува од вкупната вредност на инвестицијата без ДДВ наведена во понудата/про-фактурата, АФПЗРР како важечка сума за ко-финансирање ќе ја земе пониската вредност.
- Доколку корисникот на средствата од програмата сака да направи измена на договорот, истиот е должен да достави барање за измена на договорот.
- Доколку барателот или корисникот на средства од програмата ја промени адресата за коресподенција, истиот е должен да ја извести АФПЗРР.
- Доколку барателот се откажува од инвестицијата односно финансиската поддршка од АФПЗРР пред донесување на одлука за ко-финансирање, истиот е должен писмено да ja извести АФПЗРР.
- Одобрените и исплатени средства се неповратни при што корисникот не смее да ја отуѓи инвестицијата ко-финансирана од средствата на оваа Програма во рок од 5 години од денот на исплатата на средствата.
- Почеток на реализација на инвестициите е по потпишување на договорот.
- Сумата наведена во барањето мора да соодветствува со сумата во поднесените понуди/профактури.
- АФПЗРР го задржува правото да побара дополнителна документација.
- За инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства согласно член 70 став 11 од Законот за земјоделство и рурален развој (Сл.весник на РМ бр.49 од 12.04.2010 година), највисокиот износ на поддршка по поединечен корисник е најмногу 30.000.000,00 денари за период од 3 години од годината на исплата на средствата за поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.
- Максималниот рок за реализација на инвестициите ќе биде 6 месеци пo склучување на договорот со АФПЗРР.
НАПОМЕНА: Во случај на техничка грешка во текстот на ова Упатство важат одредбите од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој и Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој.
У П А Т С Т В О
ЗА КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ 2026
Ова Упатство е БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК наменет за потенцијалните корисниците на средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2026 – Мерка 115, во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на „Барањето за финансиска поддршка“.
Примероците од ова Упатство заинтересираните можат да ги подигнат директно во:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц )
1000 Скопје
електронска верзија на пакетот за аплицирање на веб-адресата на Агенцијата:
ПРИЛОЗИ
ПРИЛОГ 1 – МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Врз основа на член 12 став 1 точка 13, a во врска со член 6 став 1 точка 4 од Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (“Службен весник на Република Македонија” бр.72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 190/19 и 134/26), Јавниот оглас бр.__________ објавен на______________ за поднесување на барања за финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2026 година (Службен весник на Република Македонија бр. 30/26, 64/26 и 225/26) и Решение бр.____________издадено од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ:
1. Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како давател на финансиска поддршка (во понатамошниот текст: АФПЗРР) претставувана од Директор _________________ со седиште на “Бул. III Македонска Бригада, бб (зграда на Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје, и со адреса за коресподенција “Бул. III Македонска Бригада, бб (зграда на Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје, од една страна, и
2. со ЕМБГ/ЕДБ ________________, како страна на која и е одобрена финансиска поддршка (во понатамошниот текст: Корисник),
Седиште и адреса: ____________________________ место на инвестицијата предмет на овој договор:______________________
од друга страна, го склучија следниот:
ДОГОВОР ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Бр. (___________)
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Предмет на Договорот
(1) Со овој договор се уредуваат правата и обврските на договорните страни во врска со исплатата и користењето на финансиската поддршка од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2026, одобрена со Решение бр. ______ од____________година
(2) Финансиската поддршка ќе се користи согласно со: Мерката 115
Група инвестиции
(3) Целокупната инвестиција детално по количина, активности, цена и ко-финансирана сума е наведена во Прилог 2 кој е составен дел на овој договор.
Член 2
Договорен износ
(1) Вкупна одобрена вредност на инвестицијата е до_________МКД (со зборови________).
(2) Финансиската поддршка согласно Решението бр. ________ изнесува до __________ МКД (со зборови_________) т.е. ______% од вкупно одобрена вредност на инвестицијата.
(3) АФПЗРР ќе исплати _______% од реално направените, оправданите и прифатливите трошоци, но не повеќе од износот од став 2 на овој член и не повеќе од износот за поединечни стоки и услуги наведен во Прилог 2 на овој договор, дури и во случај реално направените трошоци да го надминуваат одобрениот износ.
II. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 3
Права на корисникот
(1)Корисникот има право на финансиска поддршка до износoт наведен во член 2 став 2 од овој договор, односно до износот за поединечни стоки и услуги наведен во Прилог 2, согласно начинот, условите и роковите утврдени во овој договор.
(2) Корисникот има право да бара измени и дополнувања на Договорот најдоцна 15 дена пред истекот на рокот за реализација на инвестицијата предмет на овој договор, утврден во член 4 став 2 на овој договор.
(3) Корисникот има право да бара измени и дополнувања на Договорот поради:
а) промена во типот/моделот на наведените стоки или услуги кои се дел од инвестицијата, предмет на овој договор (Прилог 2);
б) промена на дел од инвестицијата, предмет на овој договор (Прилог 2);
(4) Корисникот има право да бара измени и дополнувања на Договорот по однос на став 3 точка а) и б) од овој член само во случај на:
- прeстанок на производство на одредени стоки кои се дел од инвестицијата предмет на овој договор или неможност за испорака на истите;
- промени како резултат на потребата за усогласување на инвестицијата предмет на овој договор со законодавството; и
- вoведување на нови технологии кои можат да ја подобрат ефикасноста на инвестицијата.
(5) Корисникот или негов овластен претставник има право да ги наведе своите забелешки во извештајот за извршена контрола на лице место и истиот да го потпише.
Член 4
Обврски на корисникот
(1) Корисникот се обврзува да ја заврши инвестицијата со сопствени парични средства во износ наведен во Прилог 2 на овој договор.
(2) Корисникот се обврзува да ја заврши инвестицијата од член 1 и согласно Прилог 2 на овој договор и да поднесе барање за исплата заедно со потребна документација најдоцна до ——————— година.
(3) Корисникот се обврзува да го поднесе барањето за исплата пo пошта или лично во АФПЗРР. Образецот на барањето за исплата, како и листата на документи кои барателот е должен да ги достави во прилог на барањето за исплата се дадени во Прилог 3 и се составен дел на овој договор.
(4) Корисникот се обврзува сите плаќања кон трети лица кои произлегуваат од спроведувањето на инвестицијата предмет на овој договор да ги изврши согласно рокот утврден во став (2) на овој член.
(5) Корисникот сe обврзува во прилог на писменото барање за измени и дополнувања на Договорот да достави соодветни документи како доказ за исполнување на одредбите од член 3 став (2) и (3).
(6) Корисникот се обврзува на барање на АФПЗРР да доставува информации/податоци.
(7) Корисникот се обврзува веднаш да ја извести АФПЗРР доколку настанат околности кои имаат влијание врз спроведувањето на инвестицијата предмет на овој договор.
(8) Корисникот се обврзува да обезбеди целосен и непречен пристап на овластените лицa на АФПЗРР до документите, објектите, опремата и имотот кои се од значење/поврзани за/со инвестицијата, за време на контролата на лице место, како и при спроведувањето на надзорот над овој договор за целото негово времетраење.
(9) Корисникот или овластен претставник се обврзува да се легитимира на барање на овластените лицa од АФПЗРР за време на контролата на лице место.
(10) Корисникот се обврзува да не ја отуѓува, дава под закуп инвестицијата предмет на овој договор за целото негово времетраење.
(11) Корисникот се обврзува да не ја менува намената и целта на инвестицијата предмет на овој договор за целото негово времетраење.
(12) Корисникот се обврзува да не го менува местото на инвестицијата, предмет на овој договор, освен доколку се работи за инвестиција во механизација односно приклучна механизација.
(13) Корисникот се обврзува да ги чува оригиналните документи кои се однесуваат на предметот на овој договор за целото негово времетраење.
(14) Корисникот се обврзува дека нема да користи неповратна финансиска помош од други фондови за финансирање на инвестицијата предмет на овој договор.
(15) Корисникот се обврзува во случај на исплата на повеќе средства од одобрените со решението за исплата донесено од АФПЗРР, веднаш да го врати износот кој преставува разлика меѓу исплатениот и одобрениот износ, а во спротивно АФПЗРР ќе пресметува казнена камата.
(16) Корисникот се обврзува да ја извести АФПЗРР за настанатите промени во личните податоци (име презиме, назив на фирма, адреса,).
(17) Корисникот се обврзува да ги намири сите доспеани обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во спротивно Агенцијата по претходна изјава за согласност од корисникот, ќе спроведе постапка за подмирување на финансиските обрски со износот на одобрената финансиска поддршка од член 2, став 2 од овој договор.
(18) Корисникот се обврзува да ги почитува условите за Добра Земјоделска Пракса за времетраењето на овој Договор.
(19) Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од 30 дена по реализација на инвестицијата.
Член 5
Права на АФПЗРР
(1) АФПЗРР има право да врши контрола на лице место за целото времетраење на овој договор.
(2) АФПЗРР има право да бара дополнување или појаснување на барањето за исплата, како и на потребните документи во прилог на барањето во однапред утврден рок.
(3) АФПЗРР има право да бара информации, податоци и материјали потребни за следење, евалуација и контрола на лице место на инвестицијата, како и да бара слободен пристап до објектите, просториите, опремата и имотот поврзани со инвестицијата предмет на овој договор.
(4) АФПЗРР има право дa го отфрли барањето за исплата ако Корисникот не го поднесе согласно рокот утврден во член 4, став 3 на овој договор односно не го дополни или појасни барањето или потребните документи во однапред утврдениот рок.
(5) АФПЗРР има право да го одбие барањето за исплата доколку Корисникот започнал со реализација на инвестицијата пред потпишувањето на овој договор, освен за трошоците за интелектуални услуги за изработка на градежен, електрификациски проект, проекти за реконструкција.
(6) АФПЗРР има право да го одбие барањето за исплата, во целост или делумно, доколку Корисникот не ја заврши инвестицијата која е предмет на овој договор согласно член 4, став (2) и (4) од овој договор, односно не ја спроведе инвестицијата согласно условите утврдени со овој договор.
(7) АФПЗРР има право на својата интернет страна да ги објави следниве податоци за Корисникот:
- име и презиме (кога корисник е физичко лице) или целосен назив според регистрација (кога корисник е правно лице),
- општина во која престојува или е регистриран корисникот, поштенски број и
- износот на финансиската поддршка во денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.
(8) АФПЗРР има право да го одбие барањето за измени и дополнување на Договорот доколку:
- доведува до неизводливоста на инвестицијата;
- со тоа би се надминал максималниот период за реализација на инвестицијата;
- е во спротивност со националната важечка регулатива;
- со одобрување на барањето би се надминал рокот за реализација на програмата.
(9) АФПЗРР има право да бара поврат на исплатената финансиската поддршка доколку Корисникот:
a) доставил не точни податоци врз основа на кои се стекнал со финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година,
б) користел неповратна финансиска помош од други фондови за финансирање на инвестицијата предмет на овој договор,
в) ја отуѓува, дава под закуп или ја менува намената и целта на инвестицијата, предмет на овој договор,
г) извршил променa на местото на инвестицијата предмет на овој договор,
д) примил повеќе средства од оние одобрени со решението за исплата, поради административна грешка на АФПЗРР,
ѓ) не обезбеди целосен и непречен пристап на овластените лицa на АФПЗРР до документите, објектите, опремата и имотот кои се од значење/поврзани за/со инвестицијата, за време на контролата на лице место, како и при спроведувањето на надзорот над овој договор за целото негово времетраење,
е) во други случаи утврдени согласно Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
(10) АФПЗРР во случај на поврат на средства пресметува казнена камата по истекот на рокот за поврат на средства утврден во Решението за поврат на средства донесена од АФПЗРР.
(11) АФПЗРР има право да поведе извршна постапка во случај Корисникот да нe изврши поврат на средства во рок од 15 дена од приемот на Решението за поврат на средства.
Член 6
Обврски на АФПЗРР
(1) АФПЗРР се обврзува да изврши исплата на финансиската поддршка доколку се исполнети условите од овој договор.
(2) АФПЗРР се обврзува да спроведе контрола на лице место преку овластени контролори кои се должни да се легитимираат пред Корисникот или овластен претставник.
(3) АФПЗРР се обврзува со личните податоци на Корисникот да постапува согласно прописите од областа на заштита на лични податоци.
Општи трошоци
Член 7
(1) Трошоците направени од страна на Корисникот во насока на реализација на инвестицијата пред потпишувањето на овој договор нема да бидат предмет на финансиската поддршка, освен трошоците кои се направени за интелектуални услуги за изработка на студии, елаборати, планска, техничка и градежна, документација.
(2) Висината на трошоците од став (1) на овој член се пресметува врз основа на одобрениот износ за исплата.
III. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 8
(1) Овој договор може да се раскине:
- сo взаемна согласност на договорните страни,
- еднострано од страна на АФПЗРР доколку Корисникот не се придржува кон одредбите на овој договор, или
- еднострано од страна на Корисникот, само пред исплата на финансиската поддршка.
(2) Во случај на раскинување на Договорот согласно став 1 алинеја 2 на овој член, АФПЗРР веднаш ќе го извести Корисникот.
IV. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 9
(1) Корисникот изјавува под целосна морална, материјална и кривична одговорност, дека сите податоци содржани во извештаите и документите доставени до АФПЗРР се точни и автентични.
(2) Корисникот изјавува дека не започнал со реализација на инвестицијата која е предмет на овој договор пред истиот да стапи на сила.
(3) Заради обезбедување на информации за документите кои треба да се достават во прилог на барањето за измени и дополнувања на Договорот, како и поради доставување на истите до АФПЗРР Корисникот е согласен да се обрати до АФПЗРР на следнава адреса: “Бул. III Македонска Бригада, 20 (зграда на Македонија Табак блок Ц)”, 1000 Скопје
Контакт телефон: 02/3097-450
Интернет адреса: www.ipardpa.gov.mk
Член 10
Стапување во сила и времетраење на Договорот
(1) Со потпишување на овој договор, договорните страни ја изразуваат својата слободна волја, потврдуваат дека го прочитале и го разбрале Договорот и дека се согласуваат со правата и обврските кои произлегуваат од него како и со неговите правни последици.
(2) Овој договор ќе стапи на сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни и ќе биде во сила пет години по последната исплатаод страна на АФПЗРР.
Член 11
Прилози
Следните Прилози претставуваат составен дел на овој договор:
1. Прилог 1 – Дефиниции
2. Прилог 2 – Предмет на инвестиција
3. Прилог 3 – Образец на барање за исплата
Член 12
Спорови
За споровите кои произлегуваат од овој договор надлежен ќе биде Управниот суд на Република Македонија.
Двосмислени или неразбирливи одредби од овој договор се толкуваат во полза на АФПЗРР.
Член 13
Примероци
Овој договор е склучен во четири идентични примероци, по два за секоја договорна страна.
Дата,
Директор нa АФПЗРР: Корисник:
___________________ _____________
Изработил:
Контролирал:
Согласен:
ПРИЛОГ 1 – ДЕФИНИЦИИ
Во контекст на овој договор, изразите кои се користат во овој договор го имаат следното значење:
- “Вкупна одобрена вредност на инвестицијата” се трошоците кои АФПЗРР ги одобрува како прифатливи за ко-финансирање согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година;
- “Финансисика поддршка” се средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година кои АФПЗРР ги ко-финансира во согласност со овој договор;
- “Почеток на спроведување на инвестицијата” значи превземање на било какви обврски на сметка на одобрениот износ, потпишување на договори со трети лица за вршење на дејности предмет на овој Договор, нарачка на материјали, опрема и други слични активности, освен активности кои спаѓаат во општи трошоци.
- “Реализирана инвестиција” е инвестицијата која е изградена, испорачана, платена и се наоѓа на местото на инвестицијата наведено во овој договор.
ПРИЛОГ 2 – ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
Прифатливи трошоци за Мерка 115 од Програма за рурален развој
а) за овошје и зеленчук вклучувајќи и компир, печурки и мешункасти растенија:
- – опрема за подготовка, сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали (калибратори, кади за миење, прскалки, автоматски ленти, кршачи на јаткасти плодови, детектори за метал, стакло и сушари за амбалажа);
- – опрема за предладење, ладење и замрзнување, опрема за сечење, мелење (ладилници, витрини за ладење, опрема за сечење и мелење на растителни производи и останата опрема за подготовка пред обработка);
- – опрема за филтрација, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација (соковници, блендери, преси, мешалки, пастеризатори, стерилизатори и сита), резервоари, танкови и садови за финален производ, полупрофесионални и професионални апарати за загревање, конзервирање, сушење, замрзнување (автоклави, дупликатори, топилници, тела за загревање, сушари, замрзнувачи и комори за замрзнување) и
- – опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање (механички или автоматски линии за полнење, пакување, етикетирање, апарати за лепење и вакумирање или врзување на производи).
б) за житарици, мелнички производи и производи од скроб:
- – набавка на опрема за подготовка, сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали (калибратори, кади за миење, прскалки, автоматски ленти, кршачи на јаткасти плодови, детектори за метал, стакло и сушари за амбалажа) и
- – набавка на опрема за предладење, ладење и замрзнување, опрема за сечење, мелење (ладилници, витрини за ладење, опрема за сечење и мелење на растителни и животински производи и останата опрема за подготовка пред преработка).
в) за растителни и животински масла и масти:
- – набавка на опрема за подготовка, сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали (калибратори, кади за миење, прскалки, автоматски ленти, кршачи на јаткасти плодови, детектори за метал, стакло и сушари за амбалажа);
- – набавка на опрема за предладење, ладење и замрзнување, опрема за сечење, мелење (ладилници, витрини за ладење, опрема за сечење и мелење на растителни и животински производи и останата опрема за подготовка пред преработка);
- – набавка на опрема за филтрација, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација (соковници, блендери, преси, мешалки, пастеризатори, стерилизатори и сита), резервоари, танкови и садови за финален производ, полупрофесионални и професионални апарати за загревање, конзервирање, сушење, замрзнување (автоклави, дупликатори, топилници, тела за загревање, сушари, замрзнувачи и комори за замрзнување) и
- – набавка на опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање (механички или автоматски линии за полнење, пакување, етикетирање, апарати за лепење и вакумирање или врзување на производи).
г) за грозје (шира од грозје, сок од грозје, вино и оцет, маџун и др.):
- – набавка на опрема за подготовка, сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали (калибратори, кади за миење, прскалки, автоматски ленти, кршачи на јаткасти плодови, детектори за метал, стакло и сушари за амбалажа);
- – набавка на опрема за предладење, ладење и замрзнување, опрема за сечење, мелење (ладилници, витрини за ладење, опрема за сечење и мелење на растителни и животински производи и останата опрема за подготовка пред преработка);
- – набавка на опрема за филтрација, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација (соковници, блендери, преси, мешалки, пастеризатори, стерилизатори и сита), резервоари, танкови и садови за финален производ, полупрофесионални и професионални апарати за загревање, конзервирање, сушење, замрзнување (автоклави, дупликатори, топилници, тела за загревање, сушари, замрзнувачи и комори за замрзнување) и
- – набавка на опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање (механички или автоматски линии за полнење, пакување, етикетирање, апарати за лепење и вакумирање или врзување на производи).
д) за месо и месни производи:
- – набавка на опрема за предладење, ладење и замрзнување, опрема за сечење, мелење (ладилници, витрини за ладење, опрема за сечење и мелење на животински производи и останата опрема за подготовка пред преработка);
- – набавка на опрема за филтрација, деаерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација (соковници, блендери, преси, мешалки, пастеризатори, стерилизатори и сита), резервоари, танкови и садови за финален производ, полупрофесионални и професионални апарати за загревање, конзервирање, сушење, замрзнување (автоклави, дупликатори, топилници, тела за загревање, сушари, замрзнувачи и комори за замрзнување) и
- – набавка на кланична опрема, опрема за зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отсранување на нус производи, машини за сечење, расекување и откостување и машини и опрема за етикетирање наменети за маркетинг.
ѓ) за млеко и млечни производи (вклучувајќи јајца и живина):
- – набавка на опрема за предладење, ладење и замрзнување, опрема за сечење, мелење (ладилници, витрини за ладење, опрема за сечење и мелење на животински производи и останата опрема за подготовка пред преработка) и
- – набавка на опрема за полнење, флаширање, пакување и означување/етикетирање (механички или автоматски линии за полнење, пакување, етикетирање, апарати за лепење и вакумирање или врзување на производи).
Прифатливите трошоци за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, наменети за инвестиции за набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи не се однесуваат за набавка на потрошен материјал (тегли, шишиња, гајби, кутии, канти и друга амбалажа).
Доколку ги исполнувате условите и ви треба изработка на апликација
Контакт:071 225 345
