Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
Агровести

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август

Објавено 16/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прометот во индустријата во август 2026 година бележи зголемување од 8,8 проценти во однос на август 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, пораст на прометот е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, за 1,4 проценти, капиталните производи за 17,1 процент и нетрајните производи за широка потрошувачка за 6,9 проценти.

Кај трајните производи за широка потрошувачка, пак, е забележано намалување на прометот од 4,2 проценти.

Во однос на јули 2026 година, прометот во индустријата во август бележи пад од 16,3 проценти. Во периодот јануари – август 2026 година, во споредба со истиот период лани, прометот е зголемен за 3 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2026 година, во однос на август 2025 година, е зголемен за 4,4 проценти, додека во првите осум месеци од годинава бележи раст од 3,9 проценти.

На странските пазари, прометот во август е зголемен за 11,2 проценти на годишно ниво, додека во периодот јануари – август 2026 година растот изнесува 3,1 процент.

Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во август 2026 година, во однос на август 2025 година, имаат производството на прехранбени производи со 2,7 проценти, производството на моторни возила, приколки и полуприколки со 17,4 проценти и производството на машини и уреди, неспоменати на друго место, со 17,3 проценти.

МИА

Може да ви се допадне

Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион
Список на кандидати кои исполнуваат законски услови за полагање испит за лиценца за процена на тутун
Боево гаѓање во Пехчево на 16 октомври
Панел дискусија по повод Светскиот ден на храната
Серафимовски во посета на Хидробиолошкиот институт во Охрид
Таг:августзголемениндустријатапрометот
Претходен напис Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион
Следен напис Повик за изразување интерес за локален хидромашински инженер за Проектот Злетовица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?