Крцкаво лиснато тесто, сочен доматен сос, свежа блитва и сардини во маслиново масло – медитеранска комбинација што освојува со едноставноста и богатството на вкусови. Овој тарт е одличен избор за ручек, вечера или вкусно мезе што се служи топло.
Состојки:
- 500 г замрзнато лиснато тесто
- 2 конзерви сардини во маслиново масло (по 115 г)
- 390 г сечкани домати
- 200 г млада блитва
- 60 г кромид
- 4 чешниња лук
- 50 мл екстра девствено маслиново масло
- 1 лажица капари
- 250 г рикота или урда
- Сол и свежо мелен црн пипер по вкус
Подготовка:
Блитвата и руколата исечкајте ги на помали парчиња, прелијте ги со маслиновото масло и измешајте.Кромидот и капарите ситно исечкајте ги, додајте го истиснатиот лук и измешајте ги со сечканите домати. На набрашнета работна површина развлечете го лиснатото тесто и исечете го на четири еднакви правоаголници, приближно 30 × 10 см. Секое парче тесто премачкајте го со доматната смеса. Распоредете две третини од блитвата, а потоа додајте ја рикотата или урдата, искршена на помали парчиња. Одозгора наредете ги исцедените сардини, прелијте со малку од маслото од конзервите и зачинете со сол и црн пипер. Завршете со преостанатата блитва. Тартовите наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во претходно загреана рерна на 210 °C околу 20 минути, додека тестото не стане златно и крцкаво. Ако не собираат сите во еден плех, печете ги во две тури.
Совет:
За најдобар резултат, не ја натопувајте прекумерно основата со доматниот сос. Така лиснатото тесто ќе остане крцкаво, а сардините и капарите ќе го дадат препознатливиот медитерански вкус
МИА
