Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 208 примероци од 53 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење- информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
ЈП „Водовод и канализација“ Скопје
