Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Втор најтопол септември досега: Глобалните температури остануваат над 1,5 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Втор најтопол септември досега: Глобалните температури остануваат над 1,5 степени
Агровести

Втор најтопол септември досега: Глобалните температури остануваат над 1,5 степени

Објавено 12/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Септември беше вториот најтопол септември во историјата на мерењата на глобално ниво, со просечна температура од 16,27 степени Целзиусови, соопшти Службата на ЕУ за климатски промени „Коперник“ (Copernicus).

Минатиот месец, исто така, беше втор последователен месец годинава во кој глобалните температури ја надминаа границата од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, соопшти денеска „Коперник“.

За Западна Европа ова беше најтопол септември во историјата на мерењата, додека за Европа како целина беше трет најтопол.

Долготрајните сушни услови доведоа до рекордно низок водостој на реките во септември во делови од Рајна, Дунав, Висла и Гарона-Дордоња. Нискиот водостој на реките предизвика нарушувања во пловидбата, водоснабдувањето и земјоделството во повеќе земји, наведува „Коперник“.

Во меѓувреме, околу Антарктикот, површината на морскиот мраз го достигна својот трет најнизок годишен зимски максимум.

Директорот на „Коперник“, Карло Буонтемпо, изјави дека по екстремното лето, во делови од Европа повторно беа забележани „исклучително високи температури“.

– Се наоѓаме во нова серија месеци над 1,5 степени Целзиусови, а со оглед на тоа што силниот феномен Ел Нињо сè уште се интензивира, веројатно е тоа да потрае и во 2027 година – рече тој.

Пробивањето на границата од 1,5 степени предвидена со Парискиот климатски договор беше „само прашање на време“, рече Буонтемпо.

– Колку далеку ќе ја надминеме и колку долго ќе трае тоа, сè уште зависи од нас – нагласи тој.

Во 2015 година, 195 потписнички го усвоија правно обврзувачкиот Париски договор за климатски промени со цел да се ограничи глобалното затоплување на под 2 степени Целзиусови во споредба со прединдустриските нивоа, а идеално на 1,5 степени.

МИА

Може да ви се допадне

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
ТЕМА ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: ИПАРД повторно доаѓа во фокусот!
НЗМ со анализа за пазарот: Колкави се реалните маржи на увозниците на пестициди и земјоделските аптеки?
Меѓународен натпревар на готвачи на „Чкембе фест“ во Битола
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања
Таг:Вторнајтополсептември
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Следен напис Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?