Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП и Општина Берово ја промовираа кампањата „Фер туризам“: Редовно пријавување на доходот за подобра локална економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП и Општина Берово ја промовираа кампањата „Фер туризам“: Редовно пријавување на доходот за подобра локална економија
Агровести

УЈП и Општина Берово ја промовираа кампањата „Фер туризам“: Редовно пријавување на доходот за подобра локална економија

Објавено 08/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи (УЈП) ја спроведува кампањата „Фер туризам – започнува со пријавен доход“, чија цел е информирање и поттикнување на физичките лица и микрокомпаниите редовно да го пријавуваат доходот остварен од туристички и сезонски дејности.

Управникот на Регионалната дирекција на УЈП Струмица, Александар Николов, по работната средба во Берово истакна дека кампањата е насочена кон приходите од привремено издавање недвижности, сезонска работа и вршење привремени дејности.

– Целта на оваа кампања е да ги информира, но и да ги поттикне сите физички лица да го пријават својот доход. Под доход се подразбира оној што се остварува од издавање недвижности од времен карактер, доходот од сезонски карактер, како и од вршење дејност од времен карактер, при што граѓаните треба да поднесат пријава за оданочување на данок на личен доход, изјави Николов.

Тој додаде дека фер туризмот ги опфаќа сите индивидуалци и микрофирми кои придонесуваат во локалниот економски развој, при што УЈП сака да даде директен придонес во стимулирањето на тој развој. Кампањата досега се одвиваше во Охрид, Дојран и Струга, а по Берово ќе продолжи и во други туристички центри како Пониква, Кожуф, Попова Шапка и Маврово.

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, ја поздрави иницијативата Берово да биде домаќин на овој настан, нагласувајќи дека Берово е водечка туристичка дестинација во Источна Македонија.

– Наша цел е соработка со граѓаните, приватните сместувачки капацитети и институциите за да им понудиме добра понуда на сите туристи кои доаѓаат во текот на целата година. Целосно ја поддржувам кампањата за пријавување на приход. Со самиот приход и плаќањето на туристичката такса ги подобруваме условите во општина Берово — инфраструктурата, парковите, патиштата и улиците, истакна Ружински.

Според градоначалникот на Берово, фер туризмот подразбира фер правила и поголема одговорност кон целата заедница.

МИА

Може да ви се допадне

Забрзана реализација на паневропскиот Коридор 8 – порака од Софија, Скопје домаќин на следниот министерски состанок
Европската научна иницијатива за евроазискиот рис ќе се сретне во Вевчани
Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста, туку е навремена реакција за заштита на граѓаните
Министерот Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед“
Усвоени регионалните планови за заштита на биолошката разновидност и обнова на екосистемите на Западен Балкан до 2030 година
Таг:доходотекономијаујпФер туризам
Претходен напис Европската научна иницијатива за евроазискиот рис ќе се сретне во Вевчани
Следен напис Забрзана реализација на паневропскиот Коридор 8 – порака од Софија, Скопје домаќин на следниот министерски состанок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?