Агротим ја започнува приказната за „Агротим Клуб“ – прв голем партнер е Нептун! Neptun
Што е Агротим КЛУБ?
Ова е заедница преку која на нашите вредни земјоделци им обезбедуваме ексклузивни, дополнителни попусти кај најголемите компании во Македонија! Сакаме да ги намалиме вашите трошоци, не само за земјоделска механизација, туку и во секојдневниот живот.
Како ќе функционира?
Наједноставно на свет! Не ви требаат апликации, ниту членски картички. Сè што ќе ви треба е вашата Тековна состојба за упис во ЕРЗС – ја покажувате на каса во партнерските компании и веднаш добивате специјален попуст!
Со задоволство ви откриваме дека првиот голем гигант кој ги отвора вратите за Агротим КЛУБ е НЕПТУН!@Neptun Како вистински пријател на земјоделците, Нептун веднаш обезбеди одлични бенефиции.
Што добивате во Нептун во моментов?
• 5% дополнителен попуст на целиот асортиман (бела техника, апарати за домаќинство и електроника, освен лаптопи).
• Посебни поволности за лаптопи (2% на haPPy или 5% на малопродажна цена).
Подгответе го вашиот ЕРЗС документ и уживајте во пазарувањето во сите салони на Нептун низ Македонија!
Ова е само почеток. Агротим КЛУБ допрва ќе расте со нови звучни партнери од различни сектори затоа што вие го заслужувате најдоброто. Следете нè!

