Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
Агровести

Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка

Објавено 30/09/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделци и сточари од Пелагонија повторно го блокираа патот Прилеп–Битола кај Тополчани, незадоволни од доцнењето на субвенциите, ниските откупни цени и растечките трошоци за производство. Блокадата траеше околу час и половина, а на протестот учествуваа и градинари, лозари и производители од други земјоделски гранки.

Сточарите побараа исплата на заостанатите премии за предадено млеко и субвенциите по грло добиток. Истовремено, бараат поддршката по грло да се зголеми од 12.000 на 15.000 денари, а премијата за литар предадено млеко од шест на десет денари.

Како причина ги наведоа поскапувањата на горивото, репроматеријалите и ветеринарните услуги, кои дополнително го оптоваруваат производството.

Учесниците предупредија дека се финансиски исцрпени и дека доцнењето на исплатите им го отежнува продолжувањето на работата, особено пред есенската сеидба. Од протестот побараа навремена исплата на обврските и поголема поддршка за земјоделството и сточарството.

Дел од земјоделците порачаа дека барањата ги адресираат директно до премиерот Христијан Мицкоски. Побараа и учество во подготовката на програмата за субвенционирање, буџет од 200 милиони евра за земјоделството и доделување на картичките за зелена нафта.

Реагираа и производителите на житарици и јаболка, кои укажаа на неисплатени субвенции и откупни цени што не ги покриваат производните трошоци.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини
Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина
Хоџа во Преспа го посети младиот земјоделец Селим Зејнели
Струмица со поддршка за жените пчелари и развојот на руралните средини
Утре без вода делови од Маџари и Хиподром
Таг:блокадапротестсубвенции
Претходен напис Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина
Следен напис Министерот Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?