Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 03/2026 за доставување барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
За што се обезбедува поддршка?
Мерка 8 – Помош во сточарскиот сектор, со вкупно расположливи средства од 15.000.000 денари.
Поддршката се однесува на:
- административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство;
- трошоци за испитувања за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството.
- Висина на поддршката:
- Говеда: до 2.800 денари по грло за испитувања
- Овци и кози: до 980 денари по грло
- Свињи/хибридни свињи: до 700 денари по грло
Дополнително, поддршката за административните трошоци изнесува 80 денари по впишано грло во матична книга или Регистарот на хибридни свињи.
Кој може да аплицира?
Право на користење на средствата имаат:
признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи, впишани во соодветниот регистар;
трети лица впишани во Регистарот на трети лица при МЗШВ, кои имаат склучено договор со призната организација за спроведување на предвидените активности.
КРАЕН РОК: 20.10.2026 година
Барањата се доставуваат по пошта или лично во писарницата на АФПЗРР, во затворен коверт со ознака „НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик бр. 03/26 и со наведена Мерка 8. Барањата доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.
