Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ е загрижена поради најавите од САД за забрана за извоз на дизел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ е загрижена поради најавите од САД за забрана за извоз на дизел
Агровести

ЕУ е загрижена поради најавите од САД за забрана за извоз на дизел

Објавено 24/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската Унија со загриженост ги следи најавените планови на Соединетите Држави за забрана за извоз на дизел, вклучувајќи го и извозот во Унијата, изјави денеска портпаролот на ЕК, Олоф Гил.

– Соработката меѓу ЕУ и САД во областа на енергетиката е силна, стабилна и взаемно корисна. Секое нарушување би можело негативно да влијае на двете страни – рече Гил, додавајќи дека ЕУ очекува „блиските партнери меѓусебно да се консултираат пред преземањето мерки што влијаат врз заедничките пазари“.

Европската Унија е голем увозник на дизел од САД, од каде што увезува околу половина од својата потрошувачка.

Гил рече дека се во тек контакти на високо ниво меѓу претставниците на ЕУ и американската администрација.

- Реклама -
Ad image

Портпаролката за енергетски прашања, Ана Каиса Итконен, рече дека Комисијата внимателно ја следи состојбата на пазарите, истакнувајќи дека „во моментов во Европската Унија нема недостиг на дизел“.

Според медиумските извештаи, администрацијата на Трамп подготвува план за забрана за извоз на дизел во времетраење од 90 дена, обидувајќи се да ги намали цените на енергенсите кои претставуваат товар за републиканците пред изборите на средината од мандатот. Меѓутоа, според истите извештаи, околу ова прашање постои поделеност во самата администрација.

На забраната за извоз на дизел ѝ се спротивставуваат и американските производители, кои се плашат дека краткорочните добивки би можеле да бидат поништени со повисоки цени на горивата во иднина.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Митовски бара помош од Владата за да се реши проблемот со кравите што слободно шетаат низ Крива Паланка
Нов роботизиран погон на АСП-ПАК во Охрид, Мицкоски најави подршка за секоја инвестиција што носи додадена вредност
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено
Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар
Таг:дизелеузабранаизвозсад
Претходен напис „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари
Следен напис ХЕМОМЕТАЛ ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА: SOLIS – S125
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?