Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стопанската комора со серија настани за кредитирање, локален развој и дигитална трансформација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стопанската комора со серија настани за кредитирање, локален развој и дигитална трансформација
Агровести

Стопанската комора со серија настани за кредитирање, локален развој и дигитална трансформација

Објавено 24/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регионалната конференција „MicroBalkans“, состанок со градоначалници посветен на локалниот развој и дигитализацијата, како и настанот „Industry Meetup“ во организација на ДИГИТМАК – се дел од активностите што во наредните денови ќе ги организира Стопанската комора, со фокус на финансискиот сектор, дигиталната трансформација и регионалната економска соработка.

Како што информираат од Комората, денеска ќе се одржи регионалната конференција „MicroBalkans“, чија цел е да создаде платформа за поврзување на микрофинансирањето, небанкарското кредитирање, финтек-индустријата и финансискиот сектор. Годинешното мото на конференцијата е „Што треба да се промени во начинот на размислување за кредитирањето“, а настанот ќе собере претставници на регулаторните тела, банките, небанкарските финансиски институции, финтек-компаниите и меѓународните финансиски организации.

Во Стопанската комора утре ќе се одржи состанок со градоначалници од поголемите општини во земјава, на кој ќе се разменуваат искуства за функционирањето на локалната самоуправа и регионалните бизнис-организации. На средбата ќе биде разгледана и иницијативата за усогласување на регионалните комори со осумте плански региони во државата.

Пред учесниците ќе биде претставена и дигиталната платформа „MyCivic“, наменета за подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните, локалната власт, администрацијата и јавните претпријатија. Според најавите, платформата треба да овозможи поефикасно управување со ресурсите, подобра контрола на трошоците и следење на квалитетот на јавните услуги.

Подоцна истиот ден ќе се одржи и „Industry Meetup“, организиран во рамки на ДИГИТМАК, иницијатива насочена кон забрзување на дигиталната трансформација на македонските компании и развој на конкурентен бизнис-сектор. На настанот ќе биде претставен Европскиот дигитален иновациски хаб ДИГИТМАК, како и услугите што ќе им бидат достапни на компаниите за воведување современи дигитални решенија и примена на вештачка интелигенција.

Од Комората најавуваат и учество на регионални економски настани. На 30 септември во Цетиње ќе се одржи состанок на министрите за економија од земјите од Западен Балкан, на кој ќе се разговара за регионалната економска интеграција, спроведувањето на Заедничкиот регионален пазар и реформската агенда во рамки на Берлинскиот процес.

На 1 октомври во Будва ќе се одржи настанот „Бизнис-платформа ЕУ – Западен Балкан 6“, кој ќе ги обедини претставниците на деловната заедница, институциите на Европската Унија и креаторите на политики од регионот. Во фокусот ќе бидат можностите за продлабочување на економската интеграција, подобрување на деловното окружување, зголемување на трговската размена и поттикнување на инвестициите меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

МИА

Може да ви се допадне

Вкупно 24 пожари изминатото деноноќие, еден е под контрола, останатите изгаснати
Утре, во Скопје терестрична дезинсекција против ларви од комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите
АФПЗРР: На 1 049 органски производители, исплатени 61 261 085 денари
ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола, а 27 се изгаснати
Серафимовски-Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
Таг:кредитирањелокален развојСтопанската коморатрансформација
Претходен напис Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот
Следен напис Најстудено утрово во Берово -2 степена, а најтопло во Гевгелија со 12
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?