Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ ќе бара вклучување на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради состојбите со откупот на земјоделските производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ ќе бара вклучување на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради состојбите со откупот на земјоделските производи
Агровести

МЗШВ ќе бара вклучување на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради состојбите со откупот на земјоделските производи

Објавено 07/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Анализите на состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и другите земјоделски производи покажале потреба од поширок институционален одговор, поради што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на неделава ќе поднесе иницијатива до Комисијата за заштита на конкуренцијата, најави денеска министерот Борче Серафимовски.

Покрај редовните контроли на Државниот инспекторат за земјоделство, Министерството ќе ги активира и останатите законски механизми што му стојат на располагање.

– Врз основа на утврдените факти, во текот на оваа работна недела ќе доставиме образложена иницијатива до Комисијата за заштита на конкуренцијата, која како независен орган ќе оцени дали постои основа за постапување согласно Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи – истакна Серафимовски.

Тој нагласи дека состојбите во откупот нема да се разгледуваат само преку поединечни контроли на откупните пунктови, туку и низ целокупното функционирање на пазарот.

Според министерот, од Комисијата ќе биде побарано да утврди дали постојат индиции за недозволено усогласување меѓу откупувачите, злоупотреба на пазарна моќ или примена на нефер трговски практики кон земјоделските производители.

– Нема однапред да прогласуваме одговорност, но ќе ги мобилизираме сите расположливи институционални капацитети за фактите да бидат независно и стручно проверени – истакна Серафимовски.

Пазарните услови, додаде тој, не смеат да бидат оправдување за непочитување на договорите, нетранспарентна класификација или префрлање на целиот ризик врз земјоделците. 

МИА

Може да ви се допадне

На 26.09.2026 година, во 09:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на Министерството
Потребни материјали за полагање на испити од областа на рибарството и аквакултурата
Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора
Бензините поскапуваат за три, дизелот за шест денари
Серафимовски за откупот на пиперки, ориз и грозје: Од Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе побараме да утврди за можна злоупотреба на пазарна моќ и нефер трговски практики
Таг:земјоделските производиКомисијата за заштитамзшвоткупот
Претходен напис Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора
Следен напис Потребни материјали за полагање на испити од областа на рибарството и аквакултурата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?