Германците бараат дозвола за колење директно на пасиштата бидејќи за нив тоа е поприфатливо од клaниците. Со овој начин животните ќе бидат изложени на помал стрес и поради тоа ќе се добива поквалитетно месо.
Се построгите стандарди за благосостојбата на животните најтешко се исполнуваат при масовно колење. Истовремено оваа активност во нивното вообичаено опкружување се смета за прифатливо решение од страна на органите за заштита на животната средина и благосостојбата на животните бидејќи ги спасува од огромниот стрес кој го преживуваат за време на транспортот, истоварот во кланицата и во самиот објект за колење.

Колење на пасиштата како традиција во Германија?
Колењето директно на пасиштата веќе има одредена традиција во Германија. Затоа нивната влада ја поддржува баварската иницијатива за ширење на таквата пракса која досега можеа да ја спроведуваат само компаниите кои држат стока и други животни на отворено.
„Со иницијативата на Сојузното собрание за колење на пасиштата даваме важен поттик за поголемата за заштита на животните и регионалната вредност. Овој начин на колење значи запознавање со околината и отсуство на транспорт на животни. Исто така ова е голем успех е и за регионалниот маркетинг“, нагласува баварскиот министер за заштита на животната средина Торстен Глаубер.

Се бараат проширување на правните можности
Колењето на пасиште моментално е дозволено само во ограничен обем. Поради европските правни барања, животните мораат да се колат во предвиден објект. Моменталното толкување на правата на Европската унија овозможува колење во близина на фармите во подвижни или делумно подвижни кланици. Затоа сега се бара од Сојузната влада да воспостави правно сигурни насоки во законодавството на Европската унија.

Подобар квалитет на месото
Министерот Глаубер нагласи дека ако се избегне на стресот на животните значително ќе се подобри квалитетот на месото, па ваквото колење исто така би било предност за потрошувачите. Министерството за заштита на животна средина моментално работи на изготвување насоки како и на поддршката за сточарите кои ќе го користат.
Извор: Аgroklub.rs
