Времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.
Највисока температура се очекува во Скопје и во Демир Капија до 37 степени, а најниска во Берово, Крива Паланка и Маврово до 31 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, која ќе биде поизразена в среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.
В петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
УХМР
