Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува сите законски критериуми за квалитет, покажуваат најновите анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од претпријатието информираат дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 24 до 27 август годинава земал вкупно 164 примероци за физичко-хемиска анализа и 164 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места на територијата на главниот град.
Согласно резултатите од спроведените испитувања, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
МИА
