Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Активни седум пожари на отворен простор, еден под контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Активни седум пожари на отворен простор, еден под контрола
Агровести

Активни седум пожари на отворен простор, еден под контрола

Објавено 31/08/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 16 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците заклучно со 7:30 часот, активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и Подмочани во Општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Активни пожари има и над селото Палиград во Општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста Сватови во Општина Чашка, кај селото Урвич во Општина Боговиње, кај селото Градец во Општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод.

Под контрола е ставен пожарот што се протега од реонот на селото Трново во Општина Гостивар кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, каде беа зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во меѓувреме, целосно се изгаснати 16 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во општините Илинден, Ѓорче Петров, Прилеп, Долнени, Ресен, Богданци, Струга, Делчево, Старо Нагоричане, Јегуновце, Тетово, Брвеница, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

МИА

Може да ви се допадне

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите
АМСМ: Прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола, кај млин Осман
Без струја дел од Радишани
Превозниците на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје
„Од зрно до погача“ – традицијата што не обединува
Таг:Активниконтрола
Претходен напис АМСМ: Прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола, кај млин Осман
Следен напис ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?