Попладнево во село Дедино во Општина Конче присуствував на манифестацијата „Од зрно до погача“, во организација на ЗРР „Блесок“ од Радовиш и Општина Конче, а со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски.
Преку приказот на сеидбата и жетвата, жетварските обичаи, песната и фолклорот, уште еднаш се потсетивме дека зад секое зрно и секоја погача стојат трудот и посветеноста на земјоделецот.

Особено значење има тоа што токму во мултиетничко Конче, традицијата и земјоделството испраќаат силна порака за заедништво, почитување и соживот.
МЗШВ ќе продолжи да ги поддржува иницијативите кои го афирмираат домашното земјоделство, руралните средини и нашата богата традиција.

Фејсбук статус на Борче Серафимовски
