Министерот за земјоделие Борче Серафимовски во пресрет на почетокот на жетвата на кочанскиот ориз, денеска посетив дел од фабриките за преработка на ориз и остварив средба со земјоделците од Чешиново-Облешево, заедно со градоначалникот Јорданчо Костадинов.
Разговаравме за состојбата со залихите на оризова арпа и ориз, трошоците и производната цена, очекувањата од претстојната реколта, како и за откупната цена на оризовата арпа.
Оризопроизводството е од стратешко значење за Кочанскиот регион. Тоа не е само земјоделско производство, туку традиција, егзистенција за голем број семејства и важен дел од локалната економија.

Наш приоритет е да создадеме услови за одржливо и профитабилно производство, сигурен пласман и фер вреднување на трудот на оризопроизводителите.
Продолжуваме со директен дијалог со земјоделците и преработувачите, затоа што решенијата мора да ги носиме заеднички на терен, врз основа на реалните состојби.
Кочанскиот ориз е наш препознатлив производ, а неговото производство мора да го чуваме, развиваме и унапредуваме.
