Само неколку дена траеше договорот за откупната цена на пиперката „ајварка“, тврдат земјоделците од Струмичко, кои денеска повторно се на протест поради намалувањето на цената.
Според организаторите од „Месно здружение млади Муртино“, пиперката во изминатите пет дена повторно се откупува по 25 денари за килограм, иако по претходните протести било договорено за индустриската и прва до втора класа да се плаќа по 30 денари. Во меѓувреме, од фабриките биле најавени и дополнителни намалувања.
Новото незадоволство доаѓа во период кога земјоделците веќе размислуваат и за следната производствена сезона, а како што велат, без исплатени субвенции и со нестабилни откупни цени тешко можат да ги планираат трошоците и идното производство.
Видео – Дрнка.мк
