Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.
Се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и системот на ОН во областите на одржливото земјоделство, развојот на руралните средини, климатската отпорност и одговорното управување со природните ресурси.

Предизвиците во земјоделството бараат креирање на политики кои што се исполнети со визии кои гледаат подалеку од една производствена сезона, односно кои водат кон поголема продуктивност, отпорност на климатските промени, живи рурални средини и одговорно користење на природните ресурси. Овие промени може да се постигнат само кога домашното знаење се поврзува со меѓународното искуство и кога партнерствата се градат околу долгорочни и одржливи развојни цели.

