Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ново зголемување за пензионерите од септември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ново зголемување за пензионерите од септември
Агровести

Ново зголемување за пензионерите од септември

Објавено 23/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Септемвриските пензии во Македонија се очекува да бидат повисоки за околу 3 отсто, според пресметките направени врз основа на најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Со објавувањето на просечната плата за јуни се познати двата параметри што се користат при законското усогласување – растот на просечната плата и растот на трошоците на живот.

Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар, што е раст од 6,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Пресметките покажуваат дека просекот за периодот јануари–јуни 2026 година е околу 47.986 денари, или приближно 4,75 отсто повеќе од просекот во втората половина од 2025 година.

Истовремено, просечните трошоци на живот во првите шест месеци од годинава пораснале за околу 1,17 отсто во однос на претходното полугодие.

Според законската формула, половина од растот на платите и половина од растот на трошоците на живот се земаат предвид при усогласувањето. Ваквата пресметка дава зголемување од приближно 2,96 отсто.

Доколку овој процент биде официјално потврден, пензија од 20.000 денари би пораснала за околу 592 денари, пензија од 30.000 за околу 888 денари, а пензија од 40.000 денари за приближно 1.184 денари.

Ако конечната стапка биде заокружена на 3 отсто, тоа би значело околу 600 денари повеќе за пензија од 20.000 денари, 900 денари за пензија од 30.000 и 1.200 денари за пензија од 40.000 денари.

За разлика од претходните линеарни покачувања, од септември повторно се применува процентуално усогласување, па повисоките пензии ќе добијат и поголемо зголемување во денари.

Конечниот процент допрва треба официјално да биде утврден од надлежните институции, поради што е можна мала разлика во конечната пресметка.

Извор – Прв.мк

Може да ви се допадне

МЗШВ: Mерките кои се спроведуваат за сузбивање на сипаниците кај овците и козите даваат резултат, бројот на жариштата е намален од 30 на 11
НЗМ: Oткупни цени за килограм винско грозје за тековната 2026 год сезона во регионот
Сипаниците кај овците предизвикуваат катастрофа во сточарството – Угинаа над 10 илјади овци, сточарите бараат итна вакцинација
Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла
Цените на храната во ЕУ ќе скокнат до 11,8 отсто – еве што прво ќе поскапи
Таг:пензиипензионерипокачување
Претходен напис Сипаниците кај овците предизвикуваат катастрофа во сточарството – Угинаа над 10 илјади овци, сточарите бараат итна вакцинација
Следен напис НЗМ: Oткупни цени за килограм винско грозје за тековната 2026 год сезона во регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?