Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ официјално побара вакцини од Турција и Европската комисија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ официјално побара вакцини од Турција и Европската комисија
Агровести

АХВ официјално побара вакцини од Турција и Европската комисија

Објавено 20/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини против сипаници кај овците до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од таму и од Министерството за земјоделство, по големиот број на угинати овци. Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста.

– По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација. Во моментот се применува стратегијата stamping out-велат од АХВ и МЗШВ. 

Надлежните институциите посочуваат и дека секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни. Истото се однесува и за ветеринарните друштва кои ќе вршат незаконска вакцинација и нема да спроведуваат активности од јавен карактер. 

-Замолуваме сточарите да ги пријавуваат сите случаи на сомнеж на болеста во Агенцијата за храна и ветеринарство и да соработуваат со официјалните ветеринари и ветеринарните друштва при спроведување на депопулација на животните – стои во соопштението. 

Агенцијата за храна и ветеринарство, воедно, ги демантира и наводите изнесени во вчерашното видео обраќање на Насер Џемаили, претседател на Созујот на одгледувачи на овци “Модерен овчар” во однос на некоординираноста во постапување со одземените овци во село Соколарци. Во соопштението се наведува дека местото на кое е снимено видеото е местото на кое согласно сите биосигурносни мерки за нештетно отстранување на овци и кози е извршено закопување на евраназираните животни. 

-Овците и козите се затрупани со поголем слој на земја, местото е соодветно дезинфицирано и означено дека тука постои опасност од заразна болест. Пронајдените овци и кози потекнуваат од сточари кај кои болеста е присутна и вршат незаконска вакцинација со неквалитетни вакцини илегално набавени од Турција – велат од АВХ и МЗШВ. 

Во соопштението се потенцира и дека отстранувањето на умрените животни е во надлежност на локалната самоуправа и таа треба соодветно да постапи. 

-Од одгледувалиштето до местото на закопување почитувани се сите биосигурносни мерки за спречување на ширење на болеста. Со постапките на поединци може само дополнително да се прошири болеста на места каде што не е потврдена -соопштуваат од АХВ. 

Може да ви се допадне

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 20.08.2026 година
Пожарот во прилепско Чаништа се движи во четири крака – гори и во Кичевско, Македонски Брод, Студеничани и Могила
МВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
Времето денеска сончево и многу топло
(ВИДЕО) Сојузот на одгледувачи на овици на терен кај сточарите!
Таг:ахвМзшвТурција
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 20.08.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?