Во изминатата седмица за време на викендов имавме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, со повремени врнежи од дожд на некои места.
Од агрометеоролошки аспект, појавата на врнежи од дожд го подобруваат водно-физичкиот режим на почвата и ја надополнуваат влагата во почвата, која е потребна во овој период од годината за сите земјоделските култури. Од сите групи култури, во оваа фаза на развој, потребата за вода е најнеопходна кај градинарските култури каде плодот кај повеќето има висока содржина на вода ( над 90%), и најчесто квалитетот е поврзан со содржината на вода. Овие култури имат поплиток коренов систем и послаба шмукателна моќ поради што барат почесто вода.
И кај останатите култури обезбеденоста со вода е неопходно за нормален раст и развој. Повеќето од културите, како што се овошките, се наоѓат во фаза на берба. Кај некои сорти на винова лоза започната е нивна берба. Со цел да се утврди степенот на зрелоста на грозјето, од исклучитено значење е да се одреди вистинскиот момент за почеток на бербата.
Земјоделските производители да продолжат со грижата на нивните посеви и примена на сите потребни агротехнички мерки. Приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдување на земјоделските култури со потребното количество вода
Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Да се почитуваат препораките за работа на отворено и сите активности кои се итни да се извршуваат рано наутро или приквечер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13°C до 24°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 34°C до 41°C.
