МИНИМАЛНА ОТКУПНА ЦЕНА ЗА КИЛОГРАМ ВИНСКО ГРОЗЈЕ Е 30 ДЕН ДОКОЛКУ САКАМЕ МИНИМАЛНА ЕКОНОМСКА ОДРЖЛИВОСТ ВО ЛОЗАРСТВОТО
Пресметка на производна цена за килограм грозје (Сорта Вранец)
Пресметката е направена врз основа на реални економски параметри за интензивен лозов насад за стандардна површина од 1 декар (1.000 m²), со просечен принос од 1.000 килограми.
Табеларен приказ на трошоците за производство на (1 декар)
Ставка на трошок, Опис
Активност
1.Минерални и органски ѓубрива (НПК, КАН, азотни ѓубрива и органско ѓубре )
2.500 ден.
2.Средства за заштита (пестициди) | Фунгициди, инсектициди и хербициди (8–10 третирања)
6.000 ден.
3. Гориво и мазива Дизел гориво за тракторска обработка (орање, фрезирање, прскање) 3.000 ден.
4.Наводнување
( Трошоци за електрична енергија или вода за наводнување )
2.000 ден
5. Зимска резидба и врзување ( Рачна работна рака за режење и врзување на лозите ) 3.500 ден. |
6.Зелена резидба и одржување ( Залевање, плевене, зелени интервенции во текот на вегетацијата )
2.500 ден.
7.Берба на грозјето (Рачно берење и ставање во гајби)
4.000 ден.
8. Амортизација на лозов насад (Пресметковен дел од инвестицијата за подигање на насадот (поделен на животен век) 2.500 ден.
9. Амортизација на механизација (Амортизација на трактор, приклучна опрема, прскалки и систем за наводнување)
2.500 ден.
10. Осигурување и административни трошоци (Осигурување на родот од град и други непогоди)
1500 ден.
ВКУПНО
Вкупни трошоци за 1 декар 30.000 ден.
Пресметка на производна цена по килограм
За да се добие цената за еден килограм, вкупните трошоци по декар се делат со остварениот принос:
Варијации во зависност од приносот
Производната цена директно зависи од остварениот принос по декар, кој кај сортата Вранец може да варира:
– Принос од 1.000 кг/декар (при неповолни временски услови или поостра суша): Производната цена се искачува на 30денари за килограм.
– Принос од 1.500 кг/декар (при примена на врвна агротехника и оптимални временски услови): Производната цена се намалува на 20 денари за килограм.
Кон ова пресметана производна цена треба да се додаде минимално 50% заработка за лозарите со што се доаѓа до минимално одржливо лозарство
Секоја откупна цена пониска од 30 ден по економска логика води во загуба и економска неликвидност
Фејсбук статус на НЗМ
