Првото еколошко село ќе се гради во Шведска, а идејата се темели на комбинација на технолошката култура на Силициумската долина, видео игри, хипи култура и семејни фирми. Еколошко село претставува идеја да се изградат места кои ќе се наоѓаат во природа, а ќе биде самоодрживо, бидејќи би требало само да произведува храна и енергија која нема да се расипува.
-„Никогаш не тежнеев кон тоа да станам инвеститор на станбени згради, но отсекогаш имав желба да направам село кои ќе биде поставено во природа, оддалечено од градот и во кое што нема да има автомобили“, вели Џејмс Ехрлих од Универзитетот Сингуларит и основач на проектот за изградба на еколошкото село “ReGen Villages“.

Предвидено е отпадот кој ќе се создаде во селото да биде рециклиран и претворен во нови ресурси. Ќе биде употребена и пермакултура и аквапонски систем, што значи дека секоја капка вода ќе може повторно да се искористи.
Според зборовите на Ехрлих, населбите покрај куќи ќе имаат и стакленици и градини со контролирани услови за одгледување на растенија. Тука ќе се произведува храна на која луѓето ќе можат да и веруваат бидејќи знаат од каде доаѓа.
Низ целиот проект „ReGen Villages“, би се користел компјутерски оперативен систем Village OS.
-„Градежните инженери, архитекти и проектанти ќе може со негова помош поедноставно да планираат нови објекти, да ја зголемуваат густината на населеноста или да ги следат трошоците“, изјавил Ехрлих.
Еко – селата би се граделе почнувајќи од Медитеранот, преку Скандинавија, па се до САД и Африка. Првото село ќе се гради оваа година во Шведска, според проект изготвен во склоп на студијата „White Arkitekter“, а локацијата за сега, не е позната.
Извор: gradnja.rs
