Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Мицкоски најави исплата на сточарите по сите основи, а потоа контрола – Пријавувани се приноси што ги нема никаде во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Мицкоски најави исплата на сточарите по сите основи, а потоа контрола – Пријавувани се приноси што ги нема никаде во светот
Агровести

(ВИДЕО) Мицкоски најави исплата на сточарите по сите основи, а потоа контрола – Пријавувани се приноси што ги нема никаде во светот

Објавено 31/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тутун.

Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ќе биде објавен во „Службен весник“.

– Ребалансот е донесен, се објавува во „Службен весник“ и потоа веднаш ќе биде исплатата зашто средствата се обезбедени. Драго ми е што од оние предизвици што ги имаат сточарите, како цената и вишоците, веќе ги немаат. Успеавме со интензивна акција тоа да го надминеме – рече Мицкоски.

Тој побара земјоделците и сточарите да ги пријавуваат точните приноси при аплицирање за субвенции и најави засилени контроли.

-Пријавени се грла добиток што стопати повеќе произведуваат млеко, значи ќе треба и дисципината да ја подобриме зашто субвенциите се народни пари и ако така се однесуваме, ќе немаме уште долго. Ќе мора да сме чесни и да го пријавуваме она што го произведуваме, не може едно грло да произведува стопати повеќе од најуспешното грло во светот. Ќе има контрола и таа е веќе почната не само на овој тип производи кај сточарите туку и кај другите земјоделци и земјоделски култури. Мора да се грижиме за државата, да има ред и дисциплина. Ако не се грижиме ние, не може да очекуваме некој од надвор да се грижи за нас. Значи, не може да пријавуваме дека на еден хектар се произведени 30 или 35 тона тутун, може два, 2,5, па и три тони, ама не може 35 тони на хектар – рече Мицкоски  во изјава по посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола.

Може да ви се допадне

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија поради опасност од пожари
Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени
Потврдени 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба
Полугодишен извештај на ПИОМ: Остварени вкупни приходи од речиси 77, 2 милиони денари, бројот на корисници на пензии зголемен за 1.876 лица
Просечната каматна стапка на вкупните депозити 2,17 отсто, а на вкупните кредити 4,67 проценти
Таг:исплатамицкоскисточарисубвенции
Претходен напис Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени
Следен напис Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија поради опасност од пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?