Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени
Агровести

Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени

Објавено 31/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1.

За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен метеоаларм. Причина за високите температури е силно поле на висок атмосферски притисок кое зафати голем дел од Европа, изјави за Н1 дежурниот синоптичар од ФХМИ, Ибрахим Хаџисмаиловиќ.

Во следните денови утринските температури ќе се движат меѓу 16 и 22 степени Целзиусови, а во јужните делови до 28 степени. Дневните температури ќе достигнуваат од 34 до 41 степен, додека во Херцеговина локално се очекуваат и до 43 степени.

– Денеска и можеби утре температурите во Босна ќе бидат за два до три степени пониски, но врвот на топлотниот бран го очекуваме кон крајот на оваа недела и почетокот на следната – изјави Хаџисмаиловиќ.

Според него, сувото и стабилно време ќе продолжи најмалку до крајот на следната недела, без знаци за значително намалување на температурите или посериозни врнежи. Тој предупреди дека долгиот период без дожд и сувиот воздух го зголемуваат ризикот од шумски пожари, особено во Херцеговина, нагласувајќи дека иако во моментов нема големи пожари, опасноста се зголемува со секој ден.

Граѓаните се повикани да избегнуваат престој на отворено меѓу 11 и 16 часот, особено децата и постарите лица. Хаџисмаиловиќ потсети дека официјалните температури се мерат во сенка, додека на директно сонце и на асфалт се значително повисоки.

И покрај најавените горештини, засега нема показатели за нови температурни рекорди. Највисоките августовски температури во Сараево се околу 40 степени, во Бихаќ 42 степени, а во Мостар 43 степени.

Според Хаџисмаиловиќ, зачестените топлотни бранови и екстремните временски појави се уште еден показател за влијанието на климатските промени.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Мицкоски најави исплата на сточарите по сите основи, а потоа контрола – Пријавувани се приноси што ги нема никаде во светот
Потврдени 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба
Полугодишен извештај на ПИОМ: Остварени вкупни приходи од речиси 77, 2 милиони денари, бројот на корисници на пензии зголемен за 1.876 лица
Просечната каматна стапка на вкупните депозити 2,17 отсто, а на вкупните кредити 4,67 проценти
Сообраќајот се одвива непречено, зголемена фреквенција на Богородица и Табановце
Таг:43 степениБосна и Херцеговинанов топлотен брантемпературитетоплотен бран
Претходен напис Потврдени 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба
Следен напис (ВИДЕО) Мицкоски најави исплата на сточарите по сите основи, а потоа контрола – Пријавувани се приноси што ги нема никаде во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?