Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Малиџано
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Малиџано
Магазин

Малиџано

Објавено 31/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Малиџано е намаз со богат вкус и кремаста текстура. Подготвен од печен модар патлиџан, павлака и лук, совршено се вклопува како предјадење, појадок или лесна летна закуска.

Состојки:

  • 2 средни модри патлиџани
  • 400 мл кисела павлака
  • 3-4 чешниња лук (или по вкус)
  • 1-2 лажици мајонез
  • 1 лажица масло
  • сол по вкус
  • 1 рака ситно сечкани ореви


Подготовка: 

Измијте ги модрите патлиџани и ставете ги цели, со кората, во загреана рерна на 200°C. Печете ги околу 30 минути, односно додека не омекнат. Времето на печење може да варира во зависност од рерната и големината на патлиџаните. Оставете ги патлиџаните да се изладат, потоа излупете ги и изблендирајте ги или изгмечете ги со вилушка.

Доколку се добро испечени, лесно ќе се обработат и рачно. Во садот со патлиџанот додадете масло, сол, ситно сечкан лук, кисела павлака и мајонез. Добро измешајте додека не добиете кремаста смеса. Количината на лук прилагодете ја според вашиот вкус. Имајте предвид дека по неколку часа во фрижидер вкусот и мирисот на лукот стануваат поинтензивни.

На крај додадете ги ситно сечканите ореви и нежно промешајте. По желба, можете да ги изоставите мајонезот или оревите, бидејќи намазот е вкусен и без нив. Ставете го малиџаното во фрижидер најмалку 1-2 часа за вкусовите убаво да се соединат. Послужете го како предјадење или намаз со свеж леб, тостиран леб или домашни лепчиња.

МИА

Може да ви се допадне

Кремасто рижото со модар патлиџан
Сарма од лозови листови
Истражување: Лебарките имаат колективна меморија
Џем од сливи (печен во рерна)
Салата од цвекло
Таг:Малиџано
Претходен напис Хоџа во посета на „Нелкоски Органик Фуд“: Современата преработка создава додадена вредност за земјоделството
Следен напис Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?