Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: ЕЦБ го потврди приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: ЕЦБ го потврди приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања
Агровести

Народна банка: ЕЦБ го потврди приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања

Објавено 24/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на вчерашната конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Северна Македонија кон платформата клонот на ТИПС – соопшти Народната банка.

Како што наведуваат, во своето обраќање, претседателката Лагард посочила дека по успешното приклучување на Босна и Херцеговина и Црна Гора, се очекува дека и нашата земја ќе се приклучи кон платформата во ноември, заедно со Албанија и Косово, со што иницијативата за брзи плаќања ќе ги опфати сите земји учеснички од Западен Балкан.

Од Народна банка посочуваат дека фактот што претседателката на ЕЦБ го издвоила овој проект и јавно го потврдила очекуваното приклучување на нашата земја претставува значајна потврда за важноста на активностите што ги спроведува Народната банка за модернизација на домашната платежна инфраструктура и за нејзино усогласување со европските стандарди.

-Со приклучувањето кон клонот на ТИПС, Северна Македонија ќе стане дел од современата инфраструктура за инстант плаќања заснована на технологијата на европскиот систем ТИПС (TARGET Instant Payment Settlement). Проектот ќе овозможи побрзи, посигурни и поефикасни плаќања во денари и евра за граѓаните и за компаниите и ќе претставува важен чекор во понатамошната интеграција на домашниот платен систем со европските платежни инфраструктури – се наведиува во соопштението на Народна банка.

Народна банка

Може да ви се допадне

УЈП: Фер туризам започнува со пријавен доход, засилени активности во летната туристичка сезона
Министерот Серафимовски со претставници на винарската индустрија: Инклузивен дијалог за поквалитетен и поконкурентен вински сектор
Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба, одобри Агенцијата за храна и ветеринарство
Таг:ЕЦБиницијативатаинстант плаќањанародна банка
Претходен напис УЈП: Фер туризам започнува со пријавен доход, засилени активности во летната туристичка сезона
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?