Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трет ден продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трет ден продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто
Агровести

Трет ден продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Објавено 22/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти – лица кои прв пат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, покажуваат податоците од јавните здравствени установи во Гостивар.

Како што информира Министерството за здравство, во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 108 нови прегледи. На инфективното одделение се примени 2 нови пациенти на болничко лекување, додека на педијатриското одделение нема нови хоспитализации.

Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 87 прегледи во дежурна служба и 17 повици до Итната медицинска помош.

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, вчера се регистрирани 3 нови прегледи на пациенти од подрачјето на Гостивар, при што еден пациент е хоспитализиран.

-Во текот на вчерашниот ден продолжи континуираниот тренд на стабилизирање на состојбата. Во споредба со 20.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 183 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 108 прегледи, односно намалување од околу 41 отсто. Истовремено, бројот на прегледи во Здравствениот дом е намален од 110 на 87 пациенти, односно за околу 21 отсто, што дополнително ја потврдува позитивната насока на движење на бројките, вели министерот за здравство, Сашо Клековски. 

МИА

Може да ви се допадне

Водата во Валандово да се користи само како техничка вода, поради присуство на арсен
Хоџа на терен по невремето: Стоиме зад земјоделците и внимателно ќе ги следиме последиците од невремето
Просечната нето плата во мај 49.544 денари
Серафимовски и Јанков извршија увид во штетите од невремето во струмичко Дабиле
ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и  дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
Таг:41 отстоГостиварТрет ден
Претходен напис Хоџа на терен по невремето: Стоиме зад земјоделците и внимателно ќе ги следиме последиците од невремето
Следен напис Водата во Валандово да се користи само како техничка вода, поради присуство на арсен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?