Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа на терен по невремето: Стоиме зад земјоделците и внимателно ќе ги следиме последиците од невремето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа на терен по невремето: Стоиме зад земјоделците и внимателно ќе ги следиме последиците од невремето
Агровести

Хоџа на терен по невремето: Стоиме зад земјоделците и внимателно ќе ги следиме последиците од невремето

Објавено 22/07/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, синоќа го посети Скопскиот регион за одблиску да види дел од штетите предизвикани од невремето кое зафати повеќе подрачја.

За време на посетата на терен, тој се запозна со актуелната состојба и првичните последици врз земјоделските површини, при што истакна дека институциите ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и да бидат во постојана комуникација со земјоделците и надлежните институции.

„Секоја штета во земјоделското производство претставува директен удар врз семејствата кои живеат од земјоделството. Во вакви моменти најважно е да бидеме со земјоделците, да ги слушнеме нивните потреби и да постапуваме одговорно“, истакна Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира земјоделците редовно да ги следат официјалните известувања на Управата за хидрометеоролошки работи, а особено специјализираната веб-платформа „Агрометео“, која обезбедува временски и агрометеоролошки прогнози, предупредувања и информации значајни за планирањето на земјоделските активности.

Навремените и точни информации им овозможуваат на земјоделците навремено да преземат превентивни мерки и да ги намалат последиците од неповолните временски услови.

Министерството останува посветено на поддршката на земјоделците и ќе продолжи да обезбедува институционална поддршка во справувањето со последиците од природните непогоди.

МЗШВ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Фрлена овца во село Дулица направи хаос на семејство Гоцевски – им се заканува уништување на стадото, иако овцата не е нивна
ЦУК: Активни девет пожари на отворен простор, четири ставени под контрола
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Сообраќајот непречено, нема подолги задржувања на граничните премини
Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
Таг:земјоделцитеневреметоХоџа
Претходен напис Просечната нето плата во мај 49.544 денари
Следен напис Трет ден продолжува стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?