Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
Агровести

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

Објавено 22/07/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи.

Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата.

Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, при што најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најмногу се пријавуваат паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања. Пријавите се однесуваат на целата територија на Град Скопје, вклучувајќи ги сите општини.

Во Полошкиот регион на територијата на Тетово нема регистрирани потешки случаи кои барале итни интервенции. Евидентирани се помали материјални штети, а надлежните служби се на терен и ја следат состојбата. Состојбата е стабилна и под контрола.

Во Вардарскиот регион (Велес, Свети Николе, Лозово, Кавадарци и Неготино) се регистрирани последици од невремето, меѓу кои: паднати дрвја и гранки; оштетени кровни конструкции и настрешници; прекинати електрични кабли. На терен се ангажирани противпожарните единици, јавните комунални претпријатија, полицијата и екипи на ЕВН. Во делови од Свети Николе, Лозово, Чашка и околните населени места има прекини во електроснабдувањето поради оштетувања на електроенергетската инфраструктура. Во индустриската зона во Кавадарци, поради паднати електрични жици, предизвикан е пожар кој веднаш е локализиран.

Во Североисточен регион Куманово регистрирани се повеќе пријави од граѓани за последици од невремето. Евидентирани се: паднати дрвја на повеќе локации; оштетени фасади и кровни конструкции; паднати кровови на објекти; оштетувања на електричната инфраструктура, паднати бандери и кабли. Регистрирани се и случаи на паднати дрвја врз возила со материјална штета. Сите пријави се проследени до надлежните служби.

Во Пелагонискиот регион Битола и прилепски регион на подрачјето кое го покрива РЦУК Битола, последици од невремето се регистрирани во дел од прилепскиот регион. Откорнат е лимен кров од управната зграда на ЈП „Национални шуми – Црн Бор“. Вработените работат на расчистување на последиците. Источен регион Штип, Кочани, Пробиштип и Виница

Во источниот регион се регистрирани последици од силниот ветер и дожд. Во Пробиштип евидентирани се: паднати дрвја и гранки; оштетени кровови на приватни и стопански објекти; паднати оџаци; оштетени возила, блокиран е патниот правец од село Ратавица кон Злетово, има прекини во електроснабдувањето.

Во Кочани регистрирани се оштетени кровни конструкции; паднати дрвја и гранки; навалени бандери; поплавени подрумски простории. Околу 80 отсто од градот Кочани бил без електрична енергија, а поради прекин на работата на пумпите за вода имало прекин и во водоснабдувањето. Одржан е состанок на Општинскиот кризен штаб.

Во Штип евидентирани се повеќе паднати дрвја и гранки кои го отежнувале сообраќајот; оштетена кровна конструкција на објект на ул. „Вита Поп Јорданова“, подигната околу 50 отсто од кровната конструкција на Клиничката болница Штип, при што се регистрирани поплавени болнички простории. ТППЕ Штип и јавните претпријатија се на терен за расчистување на состојбата.

Во Виница регистрирани се само паднати гранки, без посериозни последици.

Во Југоисточен регион Струмица регистрирани се прекини во нисконапонската електрична мрежа, скинати жици и паднати столбови, оштетени кровни конструкции, паднат билборд; скршени и откорнати дрвја. Во земјоделството има пријави за оштетени оранжерии, однесени фолии и штети на земјоделски и раноградинарски култури. Надлежните екипи се на терен и работат на отстранување на последиците. 

МИА

Може да ви се допадне

Усвоен ребалансот на Буџетот: Повеќе средства за земјоделството, здравството и образованието
Објавени телефонски броеви за пријава на штета од невремето
Серафимовски: Политичкото пријателство со Индија да го претвориме во инвестиции и долгорочни партнерства
Надица Џерковска именувана за државен секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Без вода и струја неколку улици во Скопје
Таг:9.000 повициневремепоследицицук
Претходен напис Пилешко во сос од печурки
Следен напис Објавени телефонски броеви за пријава на штета од невремето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?